Други спортовиСтефановски трет во СловачкаНајдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои третото место на осмата трка од Европското првенство на ридски патеки, што викендов се возеше на патеката Добшински Копец во Словачка.Водечкиот во генералниот пласман повторно „преживуваше“ тешки моменти по откажувањето на менувачот на брзините на саботниот тренинг и се соочи со опасност предвреме да ја напушти трката. Благодарение на огромната желба за освојување на европската титула и на способноста на механичарот Тихо Матевски, Иџе во втората трка успеа зад себе да го остави најголемиот конкурент во групата Н, Јири Лос, но мораше да се задоволи со трето место зад домашните автомобилисти Петер Јурена (6.02.144 минути) и Властимил Мајрчак (6.02.456 минути). - На саботниот тренинг останав без третата брзина од менувачот. Бидејќи не можевме да го поправиме имавме две опции: да се спакуваме и да тргнаме дома за да го поправиме дефектот и да можеме навреме да стигнеме на следната трка во Германија или да се обидеме со резервниот, ама стандарден менувач. Сите ми велеа дека немам шанси да направам нешто со тој менувач, но механичарот Матевски го направи невозможното. Имав големи проблеми во првата трка, бидејќи овој менувач не е мапиран со елктрониката и со моторот и имав послабо време од Мартин Јерман (третопласиран во групата Н), а бев скоро израмнет со Лос. Во вториот настап решив да одам на „се или ништо“, во два наврати за малку ќе излетав од патеката,но тоа ми се исплатеше и по се што се случи викендов задоволен се враќам од Словачка, изјави Стефановски. Иџе патеката долга 6.810 метри ја мина за време од 6.05.397 минути (3.03.179 и 3.02.218), четврт беше Лос (3.03.182 и 3.02.685 минути), а петти Јерман (3.02.904 и 3.04.937). Јаромир Мали го освои првото место во групата А и со 25 бода му се приближи на Стефановски во трката за титулата. Иџе и понатаму е прв со 158 бода, пред Мали кој собра 125 поени. Следната трка е наредниот викенд во Германија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за ГостиварФилипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАлексеј Покушевски се сели во РусијаРепрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот. Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија. На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос. На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција. Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот. Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04