3Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион
Други спортовиСтефановски на трка во СловачкаНајдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе викендов во Словачка ќе настапи на осмата трка од Европското првенство на ридски патеки.Водечкиот во генералниот пласман ја „преживеа“ неправдата во Португалија кога наместо првото место поради грешка на организаторот заврши на третата позиција, се извлече од блиската средба со банкината во Чешка и победи со расипан мотор во Полска, а на патеката „Добшинки Копец“ ќе мора да излезе на крај со целата словачка елита која ќе се обиде да им помогне на поранешните сонародници Чесите Јаромир Мали и Јири Лос. - За разлика од минатите трки, малку е чудно што овојпат, во Словачка сите натпреварувачи во групата Н се пријавени и за Европското првенство. Тоа не е случај и со групата А каде што вози Мали, но се надевам дека не се работи за некое „чешко-словачко пријателство“, вели Стефановски. Спецификата на ЕП на ридски патеки, додава, е што на секоја патека против себе ги имате најдобрите локални автомобилисти кои возат само на таа трка и не ви се конкуренција во генералниот пласман, но морате да ги победите на домашен терен. - Така беше во Италија, во Полска, во Австрија, а така ќе биде и сега, во Словачка, вели Стефановски. Патеката во Словачка е долга 6.810 и е непозната за нашиот ас. Ќе се возат две трки, а пријавени се 150 учесници. Во групата Н пријавени се 12 возачи, од кои 11 се со исто возило (Митсубиши Лансер Ево 9) како Стефановски. Речиси сите Чеси и Словаци кои ќе возат за своите национални шампионати се пријавени и за бодување во Европскиот шампионат. Иџе води во генералниот пласман со 143 бода, пред Јаромир Мали со 100 и Јири Лос со 94 поени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три неделиЖалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд. Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува. Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од СтоилковиќНародот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ. Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас. Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма. Ниво на сеење омраза и бес. Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник. Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура. Само неколку ќе споменам: • кловновска дружина • комуњарско коњиште • духовен изрод • евтин хохштаплер • смешен кловн со две леви нозе Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза. И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил. Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски! Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век. Фашистички методи во 21 век во Македонија. Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата. Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се! Македонија нема ова да го дозволи. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата! Македонија ќе победи! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаМомче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авионМомче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter