Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години - Канал 5

Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години

 Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски постави нов македонски рекорд во дисциплината скок со стап, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 4.05 метри.

Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години

Стефановски успеа да собори еден од најстарите национални рекорди што беше поставен во 1968 година.

Височината од 4.05 метри Стефановски ја прескокна на Европското првенство во третата дивизија, во Марибор. на кое македонските атлетичари имаа успешен настап и го освоија осмото место, што досега е највисок пласман.

Андреас Трајковски победи во скок во далечина со резултат од 7.83 метри, додека Дарио Ивановски триумфираше на 5000 метри со 14:04.06.

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3000 метри стиплчес, со време од 11:49.49, Брајан Авиа освои бронза во скок во височина со личен рекорд од 2.06 метри, додека штафетата 4×100 метри во состав Трајковски, Алексовски, Петров, Стојоски постави нов национален рекорд (40.89 секунди).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова

Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова

Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата.

Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“.

А кој е надлежен за границата? Тошковски.

Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.

А кој раководи со полицијата? Тошковски.

Ама Мицкоски го штити Тошковски.

Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова.

Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија?

Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија.

Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања.

И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај.

Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции.

Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија...

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување.

На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови.

Министерот ги претстави и приоритетите на Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите.

Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер