3 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
ЖивотСтефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди. Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба. Како што рече, потеклото и е галичко по двете баби кои се родени таму, од фамилиите Чаловски и Веновски, а веќе десет години учествува на „Галичката свадба“ носејќи ја носијата на прабаба ѝ Докија Чаловска. -Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба, но многу е важно кој ми ја исполни таа желба - му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање, истакна Стефана Димитрова. Нејзиниот сопруг Даријан Кочоски рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинашната манифестација која секоја година ја посетуваат многу домашни гости, но и странски туристи. Се заблагодари на организаторот, Месната заедница Галичник, што ги избрала токму нив да бидат младенци на „Галичката свадба 2024“. Институционален покровител на „Галичката свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, поддржувач е Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ веќе 50 години е партнер во организирањето на манифестацијата. Свадбарските обичаи ќе почнат в сабота, 13 јули, со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вечерта в сабота е и пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Обичаите (канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето...) и обредните песни и ора ќе продолжат в недела, на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. На платото пред чешмата Упија во Галичник ќе биде обезбеден пренос, а целата манифестација во живо ќе може да се следи и на социјалните медиуми на Месната заедница Галичник. Претседателот на МЗ Галичник, Александар Костиќ, на прес-конференцијата изрази задоволство што и по толку децении не спласнува интересот на младите да бидат дел од „Галичката свадба“. -Напротив, интересот секоја година расте. Тоа е знак дека успеавме во нашата мисија да ги одржиме витални нашите обичаи и вредностите на традицијата која сме ја наследиле и ја пренесуваме на следните генерации, истакна Костиќ и додаде дека со поддршка на долгогодишните партнери, Галичник и годинава е подготвен на сите посетители да им ја презентира богатата и уникатна традиција. Марија Мининчиќ од „Пивара Скопје“ истакна дека кога една соработка трае половина век, јасно е, рече, дека двете страни ги врзуваат исти вредности – „негување и грижа за традицијата и зближување на луѓето на настани кои се исполнети со позитивна енергија и заедништво“. -Цела генерација „пиварци“ се горди на оваа поврзаност меѓу „Галичка свадба“ и „Пивара Скопје“ и на она што „Скопско“, како бренд кој годинава одбележува 100 години, се издигна на ниво како симбол на оваа исклучителна традиција, рече Мининчиќ. Организаторите ја поканија јавноста да присуствува викендов во Галичник, но и повикаа на одговорно однесување кон природата и внимателност со фрлањето на отпадот, како и одговорно однесување во сообраќајот – возачите да не пијат алкохол и да го почитуваат сообраќајниот режим. За почитување на „куќниот ред“ апелираше Костиќ нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за беспрекорно организирање на настанот. Тој информираше дека движење на моторни возила низ Галичник ќе биде забрането од 21 до 1 часот по полноќ во петок (12 јули), од 18 до 22 часот во сабота (13 јули) и од 7.30 до 15 часот во недела (14 јули), односно забраната ќе важи и надвор од овие термини доколку се утврди потреба. Од 12 до 14 јули не е дозволено ниту паркирање кај црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ , на Упија и секаде каде што ќе се одвива свадбата. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети со „пајак“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏим Кери се венча со партнерката Мин Ах (ВИДЕО)Џим Кери се ожени. Портпаролот на 64-годишниот актер потврди за People дека се венчал со партнерката Мин Ах. Тие се венчаа седум месеци откако се појавија заедно на наградите Цезар во Франција. На церемонијата, Кери ја нарече Мин Ах негова „прекрасна партнерка“ во говорот што го одржа целосно на француски. „Благодарам на моето прекрасно семејство, ќерката Џејн и внукот Џексон. Ве сакам сега и засекогаш. Благодарам на мојата прекрасна партнерка, Мин Ах“, рече тој на француски додека публиката со овации ја поздравуваше неговата ќерка, внука и партнерката. „Те сакам, Мин Ах. И конечно, му благодарам на најдуховитиот човек што некогаш сум го познавал - татко ми Перси Џозеф Кери, кој ме научи на вредноста на љубовта, дарежливоста и смеата“. „Имам доволно“ Ѕвездата на „Ајс Вентура“ е познат по тоа што ретко зборува за својот приватен живот. Во април 2022 година, додека го промовираше Sonic the Hedgehog 2, тој во интервју за Access Hollywood рече дека размислува да се повлече од актерството за да ужива во потивок живот. Кога водителот Кит Хувер го прашал дали е сериозен, Кери одговорил: „Јас сум прилично сериозен“. „Зависи“, објасни тој. „Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило и ми кажат дека тоа е нешто што ќе биде навистина важно за луѓето да го видат, можеби ќе продолжам да глумам. Но, засега, паузирам“. Тој рече дека го цени животот подалеку од очите на јавноста, каде што може да слика и да поминува време со своето семејство. „Навистина ми се допаѓа мојот мирен живот, сакам сликање и ми се допаѓа мојот духовен живот. Се чувствувам како да имам доволно, а тоа е нешто што можеби никогаш повеќе нема да го слушнете од славна личност“, изјави тој. Претходни врски и бракови Кери претходно беше во врска со колегата од „Kidding“ Џинџер Гонзага. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во јануари 2019 година, а потоа портпаролот на актерот потврди за People дека се во врска. Во октомври истата година, Us Weekly објави дека раскинале по помалку од една година. Актерот претходно беше во брак со Лорен Холи, со која глумеше во филмот „Dumb and Dumber“, од 1996 до 1997. Беше во брак со својата прва сопруга Мелиса Вомер, со која ја има ќерката Џејн од 1987 до 1995 година. Тагови: Џим Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
ЕвропаРусите го погодија Институтот за нуклеарни истражувања во Киев Руски дрон вчера ги погоди просториите на Институтот за нуклеарни истражувања во Киев. Според соопштението на Државниот инспекторат за нуклеарна регулација на Украина, истражувачкиот нуклеарен реактор што се наоѓа таму не е оштетен. Нападот се случил во 18:18 часот, објави Институтот за нуклеарни истражувања на Националната академија на науките. По ударот, избувнал пожар, кој брзо бил изгаснат. Во нападот немало жртви, а истрагата и проценката на штетата се во тек. Реакторот е безбеден и надвор од употреба Во извештајот се наведува дека самиот реактор и безбедносните критични системи не се оштетени. Нивоата на позадинското зрачење не се промениле и останале во рамките на природните вредности, од 0,16 до 0,20 микросиверти на час. Реакторот бил исклучен во февруари 2022 година со цел да се намалат радиолошките ризици, а потоа неговото јадро било целосно испразнето. Неговата работа во моментов е ограничена на редовно одржување на безбедносните системи. Научници: Нападот е воено злосторство Реакторот VVR-M нормално служи како извор на неутрони за фундаментални и применети истражувања во областа на нуклеарната физика. Затоа, научниците нагласуваат дека нападот врз областа на Институтот е всушност напад врз мирновременски нуклеарен објект кој се користи исклучиво за научни цели. Тие веруваат дека ова е уште еден пример за циничното непочитување на Русија кон меѓународно признатите принципи за нуклеарна безбедност и дека претставува воено злосторство.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаПоповска: Посакувам успешен исход од посетата на фон дер Лајен Македонија, уморна и резигнирана како запоставена љубовница, чека надежна порака дека сепак има иднина за нашата врска со саканата Европа и дека конечно, таа турбулентна врска ќе биде озаконета. Зашто, љубовта знае и да простува. Непосредно пред доаѓањето на претседателката на Европската комисија во Скопје, си правам рекапитулар на сето она што сме го доживеале во последниве 35 години како македонски граѓани и како Македонци дома и низ светот, поврзано со македонската евроинтеграција. Колку надеж, ентузијазам, напори, вложувања, па удари и разочарувања, па повторно станувања, борби и докажувања… Петре има право, пиреј е овој народ. Еве нѐ, заглавени во полу-започнати преговори со ЕУ, блокирани со билатерален спор со Бугарија, ама аминуван од европската политичка олигархија. Зашто Францускиот преговарачки пакет го здроби, го стутка, го искривоколчи европското право. Што ли сѐ морале да проголтаат и да измислуваат формални покритија стручните правници во правните служби на комплексната европска администрација, по барање на нивните налогодавци – моќните политичари! Ова ни доаѓа како „утеха“ за делови од македонското право, изгазено и стуткано во некои наши закони, договори, протоколи, кои ќе треба, дел по дел, да се испеглаат. Та не сме саде ние, та не сме саде тука… ПРАВОТО е можеби најголемата жртва на светската политократија. Пред повеќе од една година, минатиот јули 2025, ја поднесов Уставната иницијатива за поништување на Вториот протокол со Бугарија, зашто е кочница на нашата евроинтеграција. Тоа е оној записник од меѓувладина комисија со непристојни бугарски барања и условувања, со идеја за бугаризација на Македонија. Нон-документ по процедура и по содржина, спротивен на македонското, европското и меѓународното право. Протоколот е кочница за евроинтеграцијата, зашто е дел од преговарачкиот пакет и како поим се спомнува во важни документи на Советот на ЕУ, изгласани од сите 27 држави на 18 јули 2022. Но, изгледа „имаме среќа во несреќа“. Во хаосот на бугарското вешто лобирање, француските кралски манири и нашата инфериорност, направени се серија „грешки“ и повреди на европското и меѓународното право. Па, можеби ќе може да се искористат. Ќе спомнам само една таква „грешка“. И досега имам кажано дека Протоколот не е спомнат експлицитно, со име, во самата Преговарачка рамка, усвоена од Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 (тогаш сѐ уште не беше ПОТпишан, но беше НАпишан и ИЗГЛАСАН од бугарското Собрание на 24 јуни 2022). Но, она што досега не е спомнато во јавност е фактот дека, според достапните документи, Протоколот како документ НЕ БИЛ ДЕЛ од работниот пакет ЗА ГЛАСАЊЕ, споделен до секоја држава на 18 јули 2022. Чудна процедура, аналогна на онаа во македонското Собрание на 16 јули, еден ден пред потпишувањето на Протоколот на 17 јули, кога на нашите пратеници им било доставено едно ливче за гласање на нашата преговарачка рамка, БЕЗ текстот на документот!? Еве веќе три месеци се допишувам со европските институции, од овој јули 2026, заедно со мојот соборец за правда, Гоце Пероски, македонски активист од Германија. Тој, како роден Европеец, јас како граѓанка на земја-кандидат за ЕУ, побаравме од Европската комисија и од Советот на ЕУ пристап до информации поврзани со Вториот протокол и Преговарачката рамка, како и за стручно правно мислење за Изјавата на Бугарија во врска со непризнавањето на македонскиот јазик. За оние што не се во тек, оваа бугарска Изјава е исто така дел од преговарачкиот пакет, покрај друг документ што е Став на Советот на ЕУ во врска со јазикот, а кој е афирмативен за нас, секако. Но, САМОТО ВНЕСУВАЊЕ на оваа анти-цивилизациска изјава за негирање на нечиј јазик, е флагрантно кршење на сите базични принципи за почитување на човековите права и слободи! И наместо да биде отфрлена, таа Изјава е тука, изгласана како составен дел на нашата рамка. Дали тоа нешто значи и може ли да произведе проблеми во блиска и подалечна иднина? Секако. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до сите избрани и именувани лица, како и до сите професионалци од стручните служби во Европската комисија и во Советот на ЕУ, кои учествуваа во комплицираното расплеткување на македонскиот преговарачки пакет и кои изнаоѓаа начини како да ни одговорат, почитувајќи ја европската регулатива за транспарентност, а да не бидат спречени од одредени центри на моќ кои се трудат да и удоволат на моменталната бугарска политика. Бугарија ги живее своите ѕвездени мигови поради актуалната геостратешка важност, блазе си и! Одредени документи останаа недостапни за нас во моментов, поради одредени „чувствителни“ информации кои би можеле „да ја нарушат заштитата на јавниот интерес за меѓународните односи“. Дали нашата држава имала и/или има пристап до нив? Чекајќи ја официјалната изјава на Урсула Фон дер Лајен од Скопје, посакувам македонската Влада да ѝ биде добар домаќин, според нашата балканска традиција, но и да ѝ укаже на неколку важни работи. Македонските граѓани во убедливо мнозинство сакаат во ЕУ, но исто така со убедливо мнозинство не сакаат второто полувреме од отворањето на преговорите да се претвори во долго и болно самоубиство. Европската Унија може и треба да разреши неколку работи сама со себе, а и со нас: 1) Со официјален акт да потврди дека Протоколот не е дел од Преговарачката рамка и да направи ПОПРАВКА (corrigendum) на Заклучокот на Советот на ЕУ од 18 јули 2022, отстранувајќи го како термин од текстот; 2) Да издејствува конечно регистрирање на македонските здруженија во Бугарија, по најмалку 14-те пресуди на Судот во Стразбур, за да бидат Македонците признаени во Бугарија, како прв чекор кон признавање на Македонците во Македонија; 3) Да го прифати рационалниот предлог на нашата Влада и Претседателка за внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство, по влезот на Македонија во ЕУ, како ЕДИНСТВЕНА реална заштита на државата, за да не ни експлодира бомба во пазуви. Лично, морам да кажам дека влезот на Бугарите во Уставот НЕ Е ПРИРОДЕН, затоа што тие никогаш во историјата не работеле на градење на нашата држава, туку на разградување. И ако некој решил дека тоа мора да се направи, потребна ни е тројна панцир заштита на Уставот: одложено дејство, вградена заштитна клаузула за поништување и признавање на македонското малцинство во Бугарија! Посакувам успешен исход од посетата. Македонија, уморна и резигнирана како запоставена љубовница, чека надежна порака дека сепак има иднина за нашата врска со саканата Европа и дека конечно, таа турбулентна врска ќе биде озаконета. Зашто, љубовта знае и да простува, објави на ФБ Лилјана Поповска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook