Стеф Кари ќе го пропушти петтиот натпревар од плејофот против Минесота поради повреда - Канал 5

Стеф Кари ќе го пропушти петтиот натпревар од плејофот против Минесота поради повреда

Голден Стејт Вориорс ќе бидат без својата ѕвезда Стеф Кари за петтиот натпревар од плејофот против Минесота, откако тој сè уште не се опоравил од повредата што ја заработи во првиот натпревар.

Стеф Кари ќе го пропушти петтиот натпревар од плејофот против Минесота поради повреда

Вориорс заостануваат со 3-1 од Минесота во полуфиналето на Западната конференција и се на добар пат да бидат елиминирани со уште еден пораз вечерва. Кари ги пропушти поразите во вториот, третиот и четвртиот натпревар од серијата.

По четвртиот дуел во понеделникот во Сан Франциско, Кари зборуваше за можноста да се врати за следниот меч: „Дури и да сакав да бидам Супермен, не би можел“.

Забелешката „Супермен“ се однесува на коментарот на Дрејмонд Грин од Голден Стејт по поразот од 110-117.

-Не, тој нема да биде Супермен за оваа работа. Ако може да игра, сигурен сум дека ќе игра. Но, не ни треба Кари да се обидува да биде Супермен, изјави Грин, запрашан за можното враќање на Кари во петтиот натпревар.

Кари, 11-кратен учесник на Ол-стар натпреварот, двократен MВП и четирикратен шампион на НБА, е лидер на сите времиња по бројот на постигнати тројки. Тој има 4.058 во својата кариера, речиси 900 повеќе од вториот на листата - Џејмс Харден.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Северниот Атлантски Океан содржи околу 27 милиони тони нанопластика, според ново истражување објавено од Институтот за морски истражувања на Холандија (NIOZ) и Универзитетот во Утрехт.

Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.

Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ изјави дека овие честички можат да навлезат длабоко во човечкото тело, па дури и во мозочното ткиво.

- Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето. Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита, рече тој.

Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Англискиот прволигаш Евертон синоќа официјално го објави доаѓањето на 22-годишниот француски фудбалер Тиери Бери од шпански Виљареал.

Французинот Бери од Виљареал во Евертон

Бери и Евертон договорија четиригодишна соработка, а англиските медиуми објавија дека трансферот е вреден околу 27 милиони фунти.

Бери настапуваш за француската репрезентација до 21 година на неодамнешното Европско првенство во кое Триколорите беа елиминирани во полуфиналето.

„Се чувствува дека Евертон е на прагот на нов почеток и сакам да бидам дел од тоа“, рече францускиот напаѓач, кој ја почна својата кариера во вториот тим на Сошо. Потоа играше за белгиски Беверен и швајцарски Базел, додека изминатата сезона настапуваше за Виљареал и постигна 11 голови на 35 натпревари во шпанската Ла Лига.

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

На единствениот број за итни случаи 112 вчера се регистрирани досега рекордни во еден ден 4.199 повици, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција

Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.

За полицијата биле 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана 72 пати, што е 10,1 отсто од вкупниот број на повици, а за противпожарната служба биле 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.

Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Автомото сојузот на Македонија два повика.

притисни ентер