Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ФудбалСтаврев ќе го суди дербито Шкендија – ВардарЕден од најдобрите македонски судии Александар Ставрев ќе ја има улогата на главен арбитер на претстојниот дерби натпревар меѓу Шкендија и Вардар. Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со ждрепка беа одредени судиите за претстојното 29.коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Големото дерби кое ќе се игра во Тетово, а во кое второ пласираната Шкендија ќе го пречека лидерот и актуелен шампион Вардар, правдата ќе ја дели Александар Ставрев, кому ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Вториот меч кој ќе предизвика внимание, а во кој прилепска Победа ќе биде домаќин на Силекс ќе го суди Димитар Мечкаровски. На „Градскиот стадион“ во Штип, на мечот меѓу Брегалница и Пелистер на центарот ќе биде Марјан Маркоски, додека во Ѓорче Петров, на дуелот меѓу Македонија ЃП и Ренова ќе суди Далибор Ѓорѓевски. Овие средби ќе се играат во среда (26 април) со почеток од 16 часот, термин во кој ден подоцна (четврток) ќе се игра и последниот натпревар од ова коло меѓу Работнички и Шкупи, а главен судија ќе биде Зоранчо Темелков. На табелата, водечки е Вардар со 68 бодови, дури 13 повеќе од Шкендија (55). По водечката двојка следуваат: Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Македонија ЃП 19 и Брегалница 18.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВо понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСедум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка ИлиќСо одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“. Судска одлука Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело. Обвинителство и поврзан смртен случај Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози. Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници. Извор: Индекс.хрТагови: Данка Илиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријаваЛицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter