Статусите на „WhatsApp“ повеќе нема да бидат исти, следуваат промени - Канал 5

Статусите на „WhatsApp“ повеќе нема да бидат исти, следуваат промени

Статусите на „WhatsApp“ ќе добијат голем број интересни додатоци како гласовна опција, реакции со емотикони и целна публика за објави.

Статусите на „WhatsApp“ повеќе нема да бидат исти, следуваат промени

„WhatsApp“ официјално ги објави ажурирањата на Статус, функција која компанијата ја воведе во 2017 година како одговор на „Snapchat“ и „Instagram Stories“.

Една од клучните надградби доаѓа во форма на „Voice Status“, што му дава на корисникот можност да снима до триесет секунди ажурирања на статусот. Компанијата ова го нарекува „поинтимен начин за објавување, особено ако ви е полесно да зборувате отколку да пишувате или снимате видео“.

Друга клучна надградба се нарекува „ Private Audience Selector'“, која овозможува избор за тоа кој може да ги види вашите статуси. Преку овој селектор, корисниците можат да изберат публика за секој статус, обезбедувајќи подетална контрола од претходно.

Доколку претпочитате емотикони, „WhatsApp“ воведува и статусни реакции (Status Reactions), кои овозможуваат „брз и лесен начин за одговор на статусите на пријателите и блиските контакти“, пишува„ WhatsApp“.

Со оваа опција, корисниците ќе можат да одговорат на кој било статус со едноставно лизгање нагоре и избирање на едно од осумте емотикони - наместо да користат други дејства како текстуални пораки, гласовни пораки или стикери.

Конечно, има статусни прстени кои се појавуваат околу сликата на вашиот профил кога имате нов статус и се видливи во списокот со разговори, групните разговори и информациите за контакт.

Некои од новите функции беа најавени и претходно, но сега доаѓаат и официјално. „Мета“ наведува дека ажурирањето ќе биде достапно на глобално ниво и ќе биде доставено до корисниците „во текот на следните неколку недели“, пишува „Engadget“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. септември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 14. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ ќе гостуваат Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски

Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленија

Витаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на телото, а во последниве години, сè повеќе внимание се посветува на неговото влијание врз имунолошкиот систем.

Недостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленија

Витаминот Д е еден од важните хранливи состојки што придонесуваат за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Телото може да го произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, но во текот на зимските месеци, оваа можност е значително намалена. Затоа, доволната количина на витамин Д може да се обезбеди и преку храна или додатоци во исхраната.

Покрај учеството во бројни процеси во телото, витаминот Д игра важна улога и во одбраната од инфекции. Неговото дејство е поврзано со неколку механизми што му помагаат на имунолошкиот систем правилно да реагира на различни закани.

Витаминот Д придонесува за зачувување на природната заштитна бариера на телото. Мукозните мембрани претставуваат една од првите линии на одбрана од вируси и други микроорганизми, а нивното правилно функционирање е важно за заштита на телото.

Витаминот Д, исто така, му помага на имунолошкиот систем правилно да реагира на разни предизвици. Тој придонесува за способноста на телото да се справи со респираторни инфекции, како што се настинки и грип.

Ниските нивоа на витамин Д може да бидат почести во текот на зимата, кога изложеноста на сончева светлина е ограничена. На ова посебно се изложени постарите лица, луѓето со потемна кожа и луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворен простор.

На нивото на витамин Д може да влијае и на начинот на живот. Ако поминувате помалку време на отворено и не внесувате доволно од овој витамин преку вашата исхрана, неговите резерви може да се исцрпат.

Што значи недостатокот за имунитетот?

Кога на телото му недостасува витамин Д, имунолошкиот систем може да нема оптимална поддршка за извршување на своите функции. Ова може да влијае на способноста на телото ефикасно да се заштити од одредени инфекции.

Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со потешки симптоми кај одредени респираторни инфекции, како и со подолг период на закрепнување во одредени случаи.

Затоа, важно е да водите сметка за внесувањето на овој витамин. Сончева светлина, соодветна исхрана и, кога е потребно, додатоци во исхраната можат да помогнат во одржувањето на оптимални нивоа на овој витамин во телото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер