Статус - кво во Собранието за избор на нов Народен правобранител - Канал 5

Статус - кво во Собранието за избор на нов Народен правобранител

Статус кво во Собранието за нов народен правобранител. Неговиот избор останува заглавен и зависен од волјата на ДУИ која го условува со Бадентерово мнозинство. 

Статус - кво во Собранието за избор на нов Народен правобранител

Наследникот на Насер Зибери веќе неколку месеци го блокираат од партијата на Ахмети кои се против предлогот нов правобранител да биде Фатон Сељами, кој, пак, е поддржан од „Вреди“. Собранискиот спикер Африм Гаши ги чека партиите да се договарат. Според него, на утринската координација со пратеничките групи никој немал забелешки за ова прашање, но за позитивен исход потребна е политичка волја. Повторување на постапката и нов оглас според него дополнително ќе ја оддолжи постапката, а ако сегашниот кандидат се повлече, постои можност да се изврши филтрирање на нов кандидат од досега пријавените.

-Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка околу тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набрзо ќе дојдеме до решение. Што се однесува до нас како Собрание, ние сме ја донеле процедурата до седницата и точката е на дневен ред. Штом има договор меѓу партиите, веднаш ќе ја свикам седницата и ќе го гласаме. - кажа Гаши.

Меѓу пратеничките групи сè уште нема договор ниту за измените на Законот за прекршоци потребни за да функционира „Сејф сити“ системот од 1 февруари. И за нив не може да се обезбеди двотретинско и бадентерово мнозинство во Собранието. Неизвесен останува и изборот на Аљбан Кадриу за нов член на Судски совет кој го предложи владејачкото мнозинство во Собранието. Тој беше предложен пред да биде донесен новиот закон за Судски совет.

Околу измените на Изборниот законик, Гаши информира дека се уште чека допис од министерот за правда Игор Филков за да може Собранието да ја формира работната група и да почне со работа. Прашан за можноста за распишување предвремени парламентарни избори, Гаши вели дека лично е против, не само поради економска и политичка стабилност, туку и за да се остават властите да ги завршат мандатите и да го реализираат ветеното. Тој смета и дека техничка влада 100 дена пред избори не е потребна и тоа според него е надминат концепт.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони!

Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиона луѓе на улиците на Мадрид по освојувањето на титулата светски првак на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Два милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони!

Неверојатни сцени во Мадрид, два милиона луѓе ги пречекаа светските шампиони!

Шпанските фудбалери пристигнаа во татковината 24 часа по триумфот по продолженија со 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство и по вторпат во историјата ја освоија титулата светски шампион.

Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута.

По пристигнувањето во Мадрид, шпанскиот национален тим најпрво беше примена од кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција во палатата „Зарзуела“, а потоа беше пречекана од премиерот Педро Санчез.

По официјалните приеми, играчите и стручниот штаб тргнаа со отворен автобус низ централните улици на главниот град, поздравувајќи ги насобраните навивачи кои во голем број излегоа да го прослават историскиот успех.

Поворката заврши на плоштадот Сибелес – традиционалното место за прослава на најголемите спортски успеси во Шпанија – каде што беше поставена бина со музичка програма што му претходеше на пристигнувањето на новите светски шампиони.

Според податоците објавени од шпанскиот бренд, кои се повикуваат на проценките на надлежните служби, на прославата на улиците во Мадрид присуствувале околу два милиона луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®,  со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“

Кај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на простатата, која со помош на роботскиот систем беше реализирана со исклучителна прецизност и максимална контрола во секој чекор од интервенцијата.

Уролошкиот тим беше предводен од проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со целосна поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски и тим анестезиолози, медицински сестри, техничари и болничари. Благодарение на нивната темелна подготовка, професионалност и беспрекорна координација, операцијата помина успешно и според планираниот тек.

Пациентот е во добра општа здравствена состојба, а постоперативниот тек и закрепнувањето се одвиваат според очекувањата. Овој историски успех е резултат на континуираната посветеност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да им ги овозможи на пациентите најсовремените медицински иновации и здравствена услуга според највисоките светски стандарди. Воведувањето на роботската хирургија претставува значаен чекор напред не само за болницата туку и за развојот на македонското здравство.

ХИРУРГОТ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РОБОТСКИОТ СИСТЕМ

Роботскиот систем не ја изведува операцијата самостојно. Секое движење на инструментите е целосно контролирано од хирургот, кој управува со системот преку специјализирана конзола. Роботот ги пренесува движењата на хирургот со исклучителна прецизност, овозможувајќи стабилна и детална работа и во анатомски тешко достапни региони. Тридимензионалната слика со висока резолуција му овозможува на хирургот повеќекратно зголемен и јасен приказ на оперативното поле.

Проф. д-р Сотир Ставридис објаснува дека ваквиот минимално инвазивен пристап овозможува поголема безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување.

„Имплементацијата на оваа софистицирана технологија ни отвора фасцинантни можности – ни овозможува да работиме со врвна, микроскопска прецизност и да изведуваме исклучително сложени хируршки зафати. Притоа, минимално инвазивниот пристап гарантира максимална безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. Интервенцијата се одвиваше беспрекорно и целосно според планираниот тек, што е директен резултат на темелната подготовка и врвната координација на целиот оперативен тим“ - изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија.

Во изведувањето на операцијата учествуваше и д-р Александар Мицковски, како дел од тимот уролози вклучени во интервенцијата.

„Очекуваме примената на оваа технологија дополнително да ги унапреди можностите за минимално инвазивен третман во урологијата и да овозможи изведување сè покомплексни интервенции, со поголема прецизност и помала траума за пациентот. Во иднина, нејзината поширока примена ќе придонесе за пократок болнички престој, побрзо враќање на секојдневните активности и уште подобри функционални и онколошки резултати“, изјави д-р Александар Мицковски.

ПРЕЦИЗНА АНЕСТЕЗИОЛОШКА ПОДГОТОВКА И ПОСТОЈАНА КООРДИНАЦИЈА

Медицинската директорка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Емилија Мирчевска, го предводеше тимот анестезиолози што учествуваше во операцијата.

За д-р Мирчевска, реализацијата на првата роботски асистирана операција претставува историски значаен момент за болницата. Таа изрази голема благодарност до сите членови на медицинскиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, благодарение на кои овој значаен медицински исчекор стана реалност.

„Горди сме што можеме да понудиме напредна хируршка грижа за нашите пациенти и современите медицински технологии да ги доближиме до сите граѓани. Како анестезиолог, ми беше голема чест и професиoнална гордост да бидам дел од првата роботски асистирана хируршка интервенција во нашата болница. Анестезијата во роботската хирургија има свои специфики, бара прецизна подготовка,внимателно следење и менаџирање на сите можни промени во организмот, кои настануваат поради положбата на пациентот за време на операцијата и инсуфлацијата на јаглероден диоксид. Ваквите процедури бараат високо ниво на координација и постојана комуникација меѓу сите членови на оперативниот тим. Овој успех е доказ дека располагаме со знаење, искуство и капацитет за примена на најсовремените медицински технологии“ - објаснува д-р Мирчевска.

ПРИДОБИВКИ ОД РОБОТСКИ АСИСТИРАНАТА ХИРУРГИЈА

Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија. Благодарение на тридимензионалната HD-визуализација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите, кои ги надминуваат природните ограничувања на движењето на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и максимално зачувување на виталните анатомски структури. За пациентите, ваквиот пристап значи помали оперативни резови, помала загуба на крв, намалена постоперативна болка, помал ризик од компликации, пократок престој во болница, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и поголема прецизност при зачувувањето на околните нерви, крвни садови и ткива.

Воведувањето на роботскиот систем не претставува само технолошки напредок, туку почеток на сосема ново поглавје во секојдневната хируршка практика на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да инвестира во иновативни медицински технологии, знаење и континуирана едукација на своите тимови, со единствена цел - подобро, побезбедно и поефикасно лекување и најдобар можен исход за секој пациент. Со проширувањето на примената на оваа технологија, се очекува роботски асистираната хирургија да стане нов златен стандард во лекувањето на сè поголем број пациенти и во изведувањето на најсложените хируршки интервенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Атрактивната и популарна пејачка Сандра Африка уште еднаш ја оправда титулата на една од најубавите српски пејачки и буквално ги вжешти социјалните мрежи со својата најнова објава.

Фото:  Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Сексапилната пејачка ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со провокативно селфи од луксузната јахта на која ужива во жешките летни денови.

Во преден план на фотките секако е нејзиниот провокативен црн костим за капење со необични отвори и ленти, кој совршено ги истакна нејзините силикони и извајана фигура.

Сандра го комплетираше целиот морски изглед со брендирани очила за сонце, лента за коса со украс и впечатливи обетки во форма на морска ѕвезда.

Сандра инаку редовни ги воодушевува своите фанови на социјалните мрежи со фотки на кое таа најчесто позира во минијатурно бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер