Серхио Агуеро постигна 260 гола за Сити од 2011 до 2021 година, но најдобро се памети по оној против КПР длабоко во обештетувањето од последното коло од сезоната 2011/12, што му донесе победа од 3-2 за историската титула во Премиер лигата. .
Токму затоа, на десетгодишнината од тој гол, на Агуеро му беше откриен споменик пред стадионот, во позиција во која го прослави незаборавниот гол. Сепак, очигледно е дека лицето на статуата не наликува на оној кој е овековечен од неа. Понатаму, а тоа го забележале многумина, лицето и главата, па дури и фризурата, многу повеќе потсетуваат на Тони Крос. И самиот тој се приклучи на исмејувањето на овој споменик на социјалните мрежи.
Новинарот на Би-Би-Си Сајмон Стоун објави фотографија од статуата на Твитер со статус: „Серхио е тука“. Крос го сподели тој твит, но напиша „Дали си сигурен?“, а неговата шега му донесе над половина милион реакции.