3Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната
СветСтатуата на Марко Аврелиј по повеќе од половина век е вратена од САД во ТурцијаБронзената статуа на римскиот император Марко Аврелиј, која беше нелегално изнесена од Турција во 1960-тите, е вратена во таа земја по повеќе од половина век, јавува Анадолу.Турскиот министер за култура и туризам истакна дека статуата била во САД со децении, пренесе Индекс. „Беше долга борба. Бевме во право, бевме решени, бевме трпеливи и успеавме. Макотрпно ги собравме потребните докази и го вративме „филозофскиот император“ Марко Аврелиј“, напиша Мехмет Нури Ерсој на X. Статуата беше вратена по повеќегодишна истрага што вклучуваше научна анализа, архивско истражување и сведоштва од очевидци. Ерсој ја нарече репатријацијата „историско достигнување“ овозможено со заедничките напори на дипломатијата, правото и науката. „Без разлика дали дома или во странство, ние решително ќе продолжиме да го заштитуваме целото наше ограбено културно наследство до самиот крај“, објави тој. Додаде дека статуата наскоро ќе биде претставена на јавноста на изложба во главниот град Анкара. Нелегално ископана Статуата, за која се верува дека датира од вториот или третиот век од н.е., била прокриумчарена од Турција по нелегалните ископувања во округот Голхисар во југозападната покраина Бурдур. Подоцна влегла во колекцијата на Музејот на уметност во Кливленд во американската држава Охајо. Смета за еден од најважните зачувани бронзени артефакти од Анадолија, статуата е единствена по својот приказ на Марко Аврелиј како филозоф - приказ кој има посебно значење во римската и античката анадолска историја на уметноста. Изнесувањето антиквитети од Турција е строго забрането со закон, а прекршителите се соочуваат со значителни казни.Тагови: статуата турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе урна борбен авион во Унгарија, пилотот се катапултиралБорбен авион „Грипен“ на Унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок доцна претпладнево, а пилотот успеа безбедно да се катапултира. Информацијата ја потврди премиерот Петер Маѓар, пренесува „Еуроњуз“. Премиерот на својот профил на мрежата „Икс“ (X) напиша: „Од засега непознати причини, пред неколку минути во близина на Солнок се урна борбен авион 'Грипен' на Унгарските одбранбени сили. Пилотот успешно се катапултираше. Во тек е истрага, а министерот за одбрана е на пат кон местото на несреќата“. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди подоцна извести дека пилотот е пренесен во болница и дека нема други повредени. Според него, пилотот направил сè што е во негова моќ за да обезбеди авионот да падне на воен терен. Во близина на Солнок се наоѓа и унгарска воена воздухопловна база. Унгарската флота на авиони „Грипен“ Унгарските вооружени сили располагаат со вкупно 14 борбени авиони „Грипен“. Сите тие се стационирани во воздухопловната база Кечкемет и редовно учествуваат во меѓународни операции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединимеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче. Тој посочи дека СДСМ веќе го објави Фронтот за вистина и правда, чиј главен постулат е европската иднина на Македонија. „Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека за политичко обединување потребна е јасна определба на Левица за НАТО, за Европската Унија и иднината на државата. „Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ веќе разговара со политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда. „Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци коишто очигледно е дека сфаќаат што се случува, дека оваа власт не прави ништо, дека нема добри политики за граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зонатаИмаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија.Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт. Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери. „Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски. Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00