Статуата на кардиналот Хенгсбах, обвинет за злоставување отстранета од пред катедрала

Статуата на починатиот германски кардинал Франц Хенгсбах денеска е отстранета денеска од пред катедралата во Есен, западна Германија, неколку дена откако во јавноста излегоа наводите за сексуална злоупотреба од пред неколку децении.

Хенгсбах беше католички кардинал кој почина во 1991 година. Тој беше обвинет, меѓу другото, за наводно злоставување на шеснаесетгодишно девојче во 1954 година додека бил помошен бискуп во Падерборн. Тој е обвинет и за сексуален напад на жена во Есен во 1967 година.

Администраторот на катедралата во Есен, Томас Зандер, минатата недела најави дека неговата статуа ќе го замени спомен простор за жртви на сексуално насилство.

Во исто време, католичкиот бискуп од Есен, Франц-Јозеф Овербек, ги замоли верниците од парохијата за прошка за неговото справување со обвинувањата против неговиот претходник.

Во писмо тој открива дека за овие тврдења првпат бил информиран во 2011 година од Падерборн, кој се наоѓа на околу 130 километри источно од Есен. Овербек рече дека тој не презел ништо во тоа време бидејќи од Конгрегацијата за доктрина на верата во Рим му било кажано дека обвинувањата се неосновани.

„Денеска признавам дека тие обвинувања во 2011 година беа погрешно проценети, а жртвите доживеаја неправда“, напиша тој.

Бискупиите Есен и Падерборн во вторникот соопштија дека има „сериозни“ обвинувања против нивниот претходник.

Хенгсбах стана кардинал во 1988 година и беше еден од најпознатите германски свештеници.

Инфлуенсер од Дубаи има зоолошка градина во својот дом (ВИДЕО)

Хумаид Абдула Албукаиш, инфлуенсер од Дубаи, чува разни животни во својот дом - од тигри, лавови, змии до мечки.

Своите авантури ги објавува речиси секој ден на Инстаграм каде има 4,6 милиони следбеници.

Хумаид ги храни овие животни и си игра со нив без страв. Многумина го критикуваат дека ги чува овие животни во својот дом, но тој не се навраќа на негативните коментари бидејќи овие животни не ги чува во својот дом само поради содржината на Инстаграм, како што многумина му пишуваат, туку тој отворил и приватна зоолошка градина.

Приватната зоолошка градина Ал Букаиш се наоѓа во неговиот дом и секој може да дојде да ги посети животните, исто како и во обичните зоолошки градини. „Ниту едно од нашите животни не е купено или одземено од нивната природна средина. Ние посвојуваме диви животни кои се напуштени од нивните сопственици“, објаснува Хумаид на официјалната веб-страница на ЗОО.

„Би можеле да ги пуштиме во дивината, но нивните шанси за преживување би биле речиси нула. Често ги наоѓаме во мизерна состојба, многу слаби. Се грижиме за нив и им даваме втора шанса за живот“, додава тој.

Мисијата на неговата приватна зоолошка градина, вели тој, е да ги заштити животните што ги пронаоѓаат и за кои се грижат. „Ние се стремиме да обезбедиме нашите животни да бидат среќни и здрави, со многу храна, чиста вода и засолниште за сите идни генерации“, заклучува Хумаид.

Американец избега од авион преку вратата за итни случаи, го уапсија на писта (ВИДЕО)

Патник на летот 3172 на Southwest Airlines од Њу Орлеанс до Атланта бил уапсен на меѓународниот аеродром Луис Армстронг (MSY) по бизарен обид за бегство.

Според извештајот од Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон (JPSO), авионот на Southwest Airlines сè уште бил паркиран на терминалот кога, пред авионот да започне дас е движи кон пистат, еден Афроамериканец панично избегал преку излезот за итни случаи од страна на крилото!

Мажот е пренесен во болница на психијатриска евалуација, а неговиот идентитет не е соопштен.

Како и секогаш во вакви случаи, натамошната истрага ќе ја преземат федералните власти, пишува магазинот Newsweek на својата веб-страница.

„Ги пофалуваме нашиот екипаж и копнениот персонал за нивната брза и ефикасна реакција и им се извинуваме на патниците за непријатностите“, се вели во соопштението за печатот на Southwest Airlines.

Поради овој бизарен инцидент во кој, за среќа, нема повредени, летот од Њу Орлеанс до Атланта бил одложен нешто повеќе од два и пол часа, пишува веб-страницата View From The Wing.

Сличен инцидент се случил во јули 2021 година, кога патник на летот на Американ Ерлајнс од Шарлот до Балтимор скокнал од излезот за итни случаи на пистата на меѓународниот аеродром Шарлот Даглас (CLT) откако авионот, кој доцнеше два часа, се откажа. А потоа патникот во брза акција бил уапсен и испратен на набљудување.

Изминатиот викенд беше еден од најфреквентните во воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави поради големите попусти што авиокомпаниите им ги даваа на своите клиенти на Денот на благодарноста.

Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

притисни ентер