3Мицкоски: Решаваме наследени проблеми, изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува
3СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
Други спортовиСтартуваше последната групна фаза на СП за одбојкарки Со натпреварот Бразил – Кина започна трета, последна фаза по групи на Светското првенство за одбојкарки што се одржува во Италија.Во натпреварот од групата Х, селекцијата на Бразил славеше победа над Кина со 3:0 по сетови 25:19, 25:16 и 25:15. Покрај овие две селекции во оваа група е и репрезентацијата на Доминиканската Република. Во групата Г, вечерва од 20 часот ќе играат домаќинот Италија и селекцијата на САД, кои заедно со Русија ќе се борат за првите две позиции што носат пласман во полуфиналето на женскиот одбојкарски мундијал. Последната групна фаза завршува в петок, по што веќе во сабота ќе се играат дуелите од полуфиналето, а натпреварите за медал на програмата се в недела. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИлјадници Иранци на погребот на ХамнеиИлјадници ожалостени се собраа денес во голем молитвен комплекс во Техеран за почетокот на еднонеделните погребни церемонии за врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Обредите започнаа со свирење на националната химна, верски говори и читање од Куранот. Иран организира масовни погребни поворки за Хамнеи, чие 37-годишно владеење заврши во февруари по првиот воздушен напад на војната што ја започнаа САД и Израел. Преку овие церемонии, властите имаат за цел да покажат јавна лојалност кон Исламската Република, нејзиниот теократски поредок и револуционерните идеали, објави Ројтерс. Телевизиските снимки покажаа ковчег обвиткан со иранското знаме и на врвот со црниот турбан на Хамнеи. Тој беше поставен на голема црна платформа заедно со четири други ковчези што ги содржеа телата на членовите на семејството кои исто така загинаа во израелско-американските напади. Огромниот двор на молитвениот комплекс Имам Хомеини беше исполнет со ожалостени кои мавтаа со ирански знамиња и носеа фотографии од убиениот лидер. „Смрт за Америка“, скандираа толпата, според државната телевизија, која го прослави Хамнеи како „маченик“. Поради високите летни температури, прскалки за вода инсталирани на покривите ги ладат насобраните луѓе. Ковчегот на Хамнеи ќе остане во комплексот до утре вечер. Потоа, се очекува телото да биде транспортирано во Ком, Наџаф и Кербала - најважните шиитски религиозни центри во Иран и Ирак - пред да биде погребано во четврток во Машхад, градот каде што се наоѓа најсветото светилиште за поклонение во Иран. Синот сè уште не се појавил во јавноста. Ковчегот првпат беше прикажан на јавноста прексиноќа пред толпа плачечки поддржувачи кои се нишаа во ритамот на погребна песна и се удираа со главите, додека цвеќињата беа фрлани од ковчегот во толпата. Вчера, беше изложен во големата молитвена сала изградена во чест на неговиот претходник, Рухолах Хомеини. Иранските власти планираат да мобилизираат милиони луѓе за масовни погребни поворки во текот на наредните денови, обезбедувајќи бесплатен превоз, храна и сместување за да се поттикне најголема можна посетеност. Новиот врховен лидер, синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, не се појави на нови фотографии откако беше ранет во нападот во кој беше убиен неговиот татко.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Платформата за иднината на Мицкоски – ново издание на стариот проект ЗНАМОна што денес се претставува како „платформа за иднината на Македонија“ е само ново пакување на стариот проект ЗНАМ.Ист организатор. Ист финансиер. Исти медиуми. Исти таканаречени „независни“ новинари и аналитичари кои сега, откако излегоа од дупките, отворено ја промовираат платформата за иднината на Христијан Мицкоски. Ова не е нова политичка иницијатива. Ова е проект што Мицкоски го започна со Деспотовски и Шилегов како носители на оваа платформа. Ова е контролиран проект чија единствена цел е да создаде лажна алтернатива, да ја дефокусира јавноста и да ја подели опозицијата. Да се поделат опозиционите гласови кои делумно би отишле кај Мицкоски. Сето тоа по моделот на сестринска партија СНС и Вучиќ. Се обидоа да го урнат СДСМ со лажни вести, измислени афери и тешки лаги - не им успеа. Затоа го повторија проектот од последните парламентарни избори, бидејќи даде резултати. Сега не може два пати истата приказна. Народот ве прочита. Веќе го видовме овој филм. Луѓето кои денес се појавуваат како „нови лица“ и „независни аналитичари“ се истите кои порано ја бранеа и промовираа ЗНАМ. Денес, откако тој проект пропадна, добиваат нова задача, да ја продаваат „платформата за иднината на Мицкоски“ - ЗНАМ 2.0. Народот одамна знае: кога ќе се појави нов „проект“, ново „движење“ или нова „платформа“ во изведба на истите лица, тоа не е ништо ново. Тоа е истиот проект на Мицкоски во ново пакување. Тоа е само нова епизода од старата серија. Во слободна, демократска и европска Македонија со овие проекти и со луѓето позади нив, навистина нема иднина. Скопје, 04.07.2027 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Решаваме наследени проблеми, изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзуваМакедонија забрзува!Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика. Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот. Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза. Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните. Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден. Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook