Стартуваше акцијата „нула глад“ - Канал 5

Стартуваше акцијата „нула глад“

Убаво е кога некој ќе помисли на другиот, дали има денеска да јаде, раскажува Нашиде Јашар од како го зема пакетот со храна. 

Стартуваше акцијата „нула глад“

Семејството на Нашиде брои осум луѓе, живеат од социјална помош. За нив најважно е да има храна, барем еднаш дневно да јадат возрасните, а децата и два пати. За нив се друго е луксуз во животот.

Нашиде со уште стотина семејства денеска пред просторите на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ земаа пакети донирани од страна на фирмите, во организација на градоначалникот на Центар Богдановиќ и Здружението „Банка за храна“ во акцијата “Нула Глад“.

Нашиде седна да одмори и од болеста и од маките, изгубила многу добивала малку. „Но никогаш не ја изгубив насмевката“, вели 60 годишната Нашиде.

Оваа акција има интерес да се преземе и во другите градови со апел никој да не остане гладен и во Македонија да има „Нула Глад“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај.

Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа.

Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции.

Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров: Со историски рекорд: над 193 милиони денари реализирани капитални инвестиции уште во октомври

Општина Ѓорче Петров заклучно со октомври 2026 година оствари реализација на капитални расходи од 193.178.784 денари, што претставува највисок износ во периодот 2012-2026 година. 

Општина Ѓорче Петров: Со историски рекорд: над 193 милиони денари реализирани капитални инвестиции уште во октомври

Со резултатот постигнат за десет месеци веќе е надмината целогодишната реализација од сите претходни години во овој период.

Во споредба со 2025 година, кога биле реализирани 172.925.236 денари, годинашната реализација до октомври е поголема за 20.253.548 денари, односно за 11,7 проценти.

Споредено со 2024 година, кога капиталните расходи изнесувале 79.419.215 денари, реализираниот износ е зголемен за 143,2 проценти, односно е 2,43 пати поголем. Овие споредби ја опфаќаат реализацијата за првите десет месеци од 2026 година, наспроти целосните претходни календарски години.

-Нашата одговорност е средствата на граѓаните да ги претвораме во проекти што го подобруваат нивното секојдневие. Реализацијата од над 193 милиони денари уште во октомври покажува дека поставуваме повисоки цели и работиме на нивното исполнување. Благодарност до општинската администрација и до сите кои придонесуваат за овој резултат. Продолжуваме со истата посветеност, затоа што граѓаните очекуваат завршени проекти и видливи резултати - истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во преостанатиот дел од годината ќе продолжи со реализација на капиталните проекти, со фокус на потребите на жителите, подобрување на инфраструктурата и одговорно управување со јавните средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер