Стартуваат тестовите што ќе треба да утврдуваат Ковид-19 или грип - Канал 5

Стартуваат тестовите што ќе треба да утврдуваат Ковид-19 или грип

И на клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест што за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има Ковид 19 или грип.

Стартуваат тестовите што ќе треба да утврдуваат Ковид-19 или грип

Министерот за здравство Венко Филипче објаснува дека овие тестови ќе бидат од голема важност со есенскиот бран на Ковид 19.

Клиниката за пулмологија и алергологија од денеска стартува со работа во новиот објект веднаш до болницата. Во неа ќе има четири амбуланти со термински прегледи, една за итни пациенти. На самиот влез на пациентите ќе им се мери температура, ќе им ги дезинфицираат рацете и задолжително носење маски. За директорот Докиќ очекувано е да има зголемен број на пациенти пред се поради алергии и грип. Во една амбуланта дневно ќе се примаат по 12 пациенти. На клиниката дополнително ќе се лекуваат сите пациентите кои прележале ковид 19, но се уште имаат здравствени проблеми.

Пулмолозите со совет до граѓаните редовното миење раце и дезинфекција, носење маски и избегнување на собири може да ги заштити граѓаните не само од Ковид 19 туку и од грипот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајланд го запира издавањето дозволи за оружје по смртоносното пукање во училиште

Тајланд привремено го запре издавањето нови дозволи за огнено оружје по смртоносната пукотница во училиште во Нонтабури. 

Тајланд го запира издавањето дозволи за оружје по смртоносното пукање во училиште

Одлуката дојде додека се одржуваа кремации за 14-годишниот вооружен напаѓач и бабата и дедото што ги убил пред масакрот, објавува „Гардијан“.

Премиерот Анутин Чарнвиракул потврди дека им наредил на Министерството за внатрешни работи и полицијата да го суспендираат издавањето дозволи за поседување, купување и носење оружје и повика на „построги контроли и построги казни“. Државниот радиодифузер НБТ Ворлд објави дека мерките се привремени и ќе останат на сила додека не се донесе нов закон за контрола на оружјето. Владата, исто така, планира да постави рок за граѓаните да го предадат нелегалното оружје без гонење.

Анутин претходно се обиде да спроведе реформи како министер за внатрешни работи по бранот насилство со оружје во 2022 и 2023 година, но најавите за построги закони не успеаја да спречат понатамошни трагедии. Покрај новите мерки за граѓаните, генералниот директор на тајландската полиција, Китрат Фанфет, нареди и построга контрола на службеното полициско оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер