Стартуваат квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018 - Канал 5

Стартуваат квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018

Со десетте натпревари што се играа попладнево и вечерва почнуваат квалификациите за Европското првенство во ракомет, што во 2018 година ќе се одржи во Хрватска.

Стартуваат квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018


28 репрезентации се поделени во 7 групи, а двете првопласирани од групите и најдобрата третопласирана селекција од сите групи ќе изборат пласман на шампионатот.

Распоред на натпреварите од 1.коло:

Група 1: Унгарија – Летонија (среда); Данска – Холандија (четврток).
Група 2: Белорусија – Романија (среда); Полска – Србија (четврток).
Група 3: Австрија – Финска и Шпанија – БиХ (среда).
Група 4: Македонија – Украина и Исланд – Чешка (среда).
Група 5: Словенија – Швајцарија и Германија – Португалија (среда).
Група 6: Русија – Словачка (среда) и Шведска – Црна Гора (четврток).
Група 7: Норвешка – Белгија (среда); Франција – Литванија (четврток).

Хрватска како домаќин има обезбедено директно учество, а титулата ја брани репрезентацијата на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица без месење тесто

Во вторник (16.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Роберт Митров и Никола Ѓеоргиев

„Гответе со Дракче“ - Пица без месење тесто

Состојки за денешниот рецепт:

170 гр. брашно

250 мл. јогурт

1 јајце

1 лажиче сол

1 лажиче шеќер

2 лажици масло

1 прашок за пециво

За фил:

200 гр. кашкавал

200 гр. шунка или кулен

100 гр. печурки

оригано и сусам

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска на пладне ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“

Денеска  на пладне ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“, информираат од Управата за јавни приходи. Прекинот во работата, додаваат од УЈП, е поради планирани активности за унапредување на ИТ-инфраструктурата на управата.

Денеска на пладне ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“

„Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“,велат од УЈП. Оттаму додаваат дека системот ќе биде повторно ставен во функција по завршување на активностите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата

Објавен Конечен ревизорски извештај ДЗР - Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија за 2024 година.

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата

Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фондот) за 2024 година.

Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со спроведената ревизија ревизорите меѓу другото утврдија: Приходите од наплатен придонес за ПИО1 во 2024 година се зголемени за 14% во однос на претходната 2023 година2 и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари.

Трендот на движење на учеството на трансферираните средства од Буџетот на Република Македонија во вкупните приходи во периодот од 2014 до 2024 година е прикажан на следниот графикон:

Графиконот укажува дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, за да од 2019 година бележи тренд на намалување. Во 2024 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71% и бележи зголемување од 4,14 % во однос на 2023 година.

Врз основа на податоците од матичната евиденција на Фондот со состојба декември 2024 година, бројот на осигурениците изнесува 556.294 лица додека бројот на пензионери изнесува 343.048 лица односно соодносот пензионери/осигуреници на крајот од 2024 година изнесува 1:1,63 и истиот бележи намалување во однос на 2023 година кога изнесувал 1:1,70.

Ревизијата укажува на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва.

Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра. Оваа состојба овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае и врз ликвидноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, подрачните единици, во Секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот.

Во делот на административното работење на Фондот утврдени се одредени надминувања на утврдените слабости од минатаите години но во периодот предмет на ревизија, 2024 година, ревизијата утврди дека:

- не е извршено евидентирање на движниот и недвижен имот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кои Фондот има сопственост или пренесено право на користење;

- пописот на земјиштето е нецелосно спроведен и не е воспоставена целосна сметководствена евиденција на истото; - пописот на дел од побарувањата е извршен без утврдување на правниот основ и застареност;

- Фондот не располага со целосни податоци за вкупно наплатените средства од акцизи од Буџетот и за основот за повлекување на средства од сметката од страна на надлежното министерство што влијае на потврдување на точноста и целосноста на наплатените приходи по овој основ;

- одредени слабости во начинот на издавање на деловниот простор под закуп;

- на сметката за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година остануваат парични средства кои не се користат за исплата на пензии;

-слабости во спроведувањето на дел од постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки;

- слабости во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои стопанисува Фондот.

Во делот на останати прашања известуваме за не усогласеноста на Законот за ПИО со Законот за административни службеници во начинот на пресметка на платите на вработените.

За надминување на утврдените состојби дадени се препораки по кои надлежните органи имаат обврска да постапат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер