Стартува кошаркарскиот плеј оф - Канал 5

Стартува кошаркарскиот плеј оф

Со двата натпревара од полуфиналето стартува кошаркарскиот плеј оф во борба за шампионската титула во Македонија.

Стартува кошаркарскиот плеј оф
Двата натпревара се играат во Скопје. Првакот и екипата која со максимални 10 победи се избори за плеј офот МЗТ Скопје Аеродром важи за фаворит против тимот на Лирија. Овие две екипи играа и во финалето на Купот на Македонија, каде победија „металците“.

Во второто полуфинале меѓу Работнички и Кожув се очекува поголема борба. Повеќекратниот првак на Македонија, Работнички ја има предноста првиот натпревар и евентуалната мајсторка да ја игра на домашен терен.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Лирија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот, додека 30 минути порано стартува дуелот во салата „Градски парк“ меѓу Работнички и Кожув.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревара. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

Денеска (06.08.2026) во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да настанат од користење мобилен телефон при управување возила. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС Кавадарци, на подрачје на Скопје и Кавадарци, реализираа превентивна активност „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, како и од СВР Штип, во Куманово, Свети Николе, Виница и Кочани спроведоа превентивни активности наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со акцент на тоа дека електричен тротинет може да управува само лице кои има наполнето 18 години. За време на активноста, граѓаните беа запознаени и со другите измени на Законот, а им беа делени и летоци со едукативна содржина. Полициските службеници од ПО Ропотово при СВР Битола, пак, во с.Дебреште со најмладите жители реализираа едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот при што ги запознаа со основните правила во сообраќајот, со цел развивање на безбедносна култура кај најмладите.

Полициски службеници од ПС Берово во Берово реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Христијан Мицкоски повторно се обидува да ја претстави реалноста поинаку од она што е.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Цитира извештај на Еуростат за законска минимална плата и тврди дека кај нас е најевтино и нашите граѓани живеат најдобро.

Но бројките покажуваат сосема друго.

Според споредбата на минималната нето плата и цената на дизелот во регионот:

• Во Словенија со минималец се купуваат 629 литри дизел

• Во Хрватска 516 литри

• Во Црна Гора 400 литри

• Во БиХ 362 литри

• Во Србија 286 литри

• Во Косово 263 литри

• Во Македонија само 261 литар

• Во Албанија 214 литри

Работник со минималец во Македонија мора да работи 39 минути за еден литар дизел.

За резервоар од 50 литри му одат 19,15% од целата месечна плата.

Ова не е „куповна моќ“.

Ова е сиромаштија.

Мицкоски може да цитира што сака.

Граѓаните ја гледаат вистината на бензинска пумпа и во продавница.

Лагите за стандардот повеќе не поминуваат.

Не може статистика да го убеди граѓанинот на Македонија дека живее подобро од она што навистина го живее.

Граѓаните својата статистика ја имаат во паричникот и во фрижидерот.

И повеќе никој не може да го слуша Мицкоски и неговите бајки за трета економија во Европа, прва во туризмот, лидер во авио-сообраќајот и аеродромот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер