Стартниот тим на Вардар за мечот со Силекс со 10 играчи под 21 година - Канал 5

Стартниот тим на Вардар за мечот со Силекс со 10 играчи под 21 година

Составот на фудбалскиот шампион Вардар за денешниот натпревар со Силекс во ПМФЛ, ќе биде сосема поинаков од минатите натпревари од оваа сезона.

Стартниот тим на Вардар за мечот со Силекс со 10 играчи под 21 година
За прв пат во тимот ќе настапат 10 младински фудбалери во првиот состав, односно играчи кои имаат под 21 година.

Освен голманот Игор Алексовски, другите сите имаат статус на „младинци“, а дел од нив имаат и под 18 години. Согласно правилата, една екипа мора да го одигра првиот дел со младинец, а во редовите на „црвено-црните“ денеска ќе има10.

На голот ќе биде веќе споменатиот Алексовски, кој што ќе биде „највозрасен“ во екипата со 23 години. Во одбраната се Антовски, Серафимов, Младеновски и Тодороски. Во средниот ред на Вардар се најдоа Реџепи, Адем и Исени, како поддршка за „тројката“ во нападот Попзлатанов, Цветаноски и Бериша.

На клупата за резерви ќе бидат Илиќ, Митревски, Радевски, Пешевски, Дишлиевски, Јахја. Сите од клупата имаат под 21 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

По години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. 

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи.

„MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика.

Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед.

Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик.

Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување.

Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа.

Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петти ден насилни протести во Тирана

Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. 

Петти ден насилни протести во Тирана

Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми.

Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“.

Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји.

Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер