ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
1ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
3СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
ТенисСтартна победа на Лина Ѓорческа во ПортоНајдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра.Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше серија од четири освоени гема за водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3. Во следното коло на турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 40.000 долари, Ѓорческа ќе игра против Германката Настасја Шунк, која со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) ја совлада Португалката Миља Секуеира. Дуелот е на програмата в четврток.Тагови: Лина Ѓорческа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за МакедонијаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата. Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар. Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија. Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем. Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“ Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC. Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со водаВладата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето. Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter