КултураСтарото градско јадро на Кратово ќе се промовира во културно наследство од особено значење Пет дуќани во Ајдучка чаршија во старото градско јадро на Кратово добија обновени фасади и автентичен изглед преку проектот на Министерството за култура за обнова на стара градска архитектура. Реаставрацијата ја извршија стручни екипи од Националниот конзерваторски центар, по претходна темелна реконструкција и санација на објектите.Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети дуќаните кои наскоро ќе бидат во функција, а еден од нив ќе биде сувенирница. Рече дека и за корисниците е од големо значење што добиле простори целосно надворешно и внатрешно уредени и дека со проектот идната година ќе бидат обновени и други објекти со амбиентална градба. Исто така ќе продолжи заштитата на кулите и мостовите по кои Кратово е препознатлив град, ќе се истражуваат и тунелите, а во трета фаза е и реставрација и конзервација на фрескоживописот на црквата „Св. Јован Крстител“ која Канческа-Милевска, исто така, ја посети при денешната посета на градот. Таа информираше и дека е изработен закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење. - За овој град се направени заштитно-конзерваторските основи, Министерството за култура го изработи законот кој ќе се однесува на старото градско јадро како споменична целина од особено значење. Законот е во процедура во Владата и очекувам дека до крајот на јули ќе помине и во Собрание. Со новиот закон Кратово ќе се промовира во културно наследство од особено значење. Потоа произлегуваат построги режими, бидејќи општината ќе треба да изготви детален урбанистички план, геодетско ажурирање на целиот простор и менаџмент-план за управување со градот за негова културна и туристичка промоција, истакна министерката за култура. Во соработка со општината ќе се истражуваат подземните ходници (тунели) во градот, кои во минатото веројатно служеле за заштита и евакуација на населението од различни опасности. Тие биле поврзани со кулите во градот, од кои денеска се сочувани пет цели (Симиќева кула, Златкова, Саат-кула, Крстева и Емин-бегова) и една кула до половина (Хаџикостова). Канческа-Милевска посочи дека за истражување на тунелите ќе им треба помош од општината затоа што повеќето од шесте познати влезови во тунелите се на приватни имоти. Владата и Министетството се навистина заинтересирани за инвестирање во тунелите во Кратово, кои се карактеристични за градот, но тука ни треба голема логистичка поддршка од општината. На денешната средба со градоначалникот договаравме динамика за тунелите и за период од десет дена тој ќе формира посебен тим за тунелите и да ги информираме корисниците на просторот дека целта е сите тунели да се отворат и да се стават во туристичка промоција, истакна Канческа-Милевска. Директорот на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) Виктор Лилчиќ додаде дека тунелите се атракција за Кратово, зашто во Македонија нив ги има на малку места и познати се само тие под Исарот во Штип и Балтепе во Тетово. - Овие се уникатни и, според извештајот што го изработи екипата на УЗКН, шест влезови се евидентирани, а дознавме дека има повеќе такви. Досега знаеме дека се оформени во отоманскиот период, 18-19 век, а можеби и порано кога се градени кулите. Тунелите тргнувале од кулите и воделе низ камен терен од повеќе стотици метри во правец на коритото на Кратовска Река. Проблем е што тунелите се во приватна сопственост, а само еден влез е во државна сопственост, рече Лилчиќ. Бидејќи досега не е најден отвор на тунел кој тргнува од некоја кула, во август-септември, рече Лилчиќ, ќе почне археолошко истражување на внатрешноста на некои од кулите. - За да се открие барем еден или два влеза и да видиме колку можеме да ги пробиеме. Имаме податоци дека еден тунел водел и 200 метри и во него влегувале луѓе. Тоа е импресивно, Тунелите што се отворени се мали коридори, правоаголни во профил, издлабени во жива карпа, рече Лилчиќ. Во Кратово е во тек и реставрација и конзервација на фреските во црквата „Св. Јован Крстител“. Фреските кои датираат од 19 век, во 1921 година биле покриени со варов малтер и лак, а дел од нив со нов слој на живопис. Сега се работи на чистење на слоевите и откривање на првобитните фрески. Според ктиторскиот натпис, црквата датира од 1836 година, но се претпоставува дека е постара. Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски соопшти дека градот во последно време го посетуваат голем број домашни и странски туристи. Се заблагодари за поддршката од Министерството за култура на нивни проекти, како новиот мултимедијален центар кој беше отворен лани и настаните во рамки на „Топол културен бран“./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЗлато и бронза за македонската репрезентација на балканското CX првенство во РоманијаМакедонската вело-крос репрезентација оствари одличен настап на балканското CX првенство, одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи.Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15. Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории. Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам. Велосипедска федерација на МакедонијаТагови: Велосипедска федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБелгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињатаБелгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико. Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението. People in Belgium will be able to smoke at restaurant terraces for a little while longer after the government announced it would be delaying its outdoor ban planned for early 2027. https://t.co/J1ZIcRXVDg — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) October 26, 2026 Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент. Тенденција присутна и во други земји од ЕУ Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата. Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми. Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Култура„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомвриНа 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ . „Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”). Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook