Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд и архипелагот Чагос - Канал 5

Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд и архипелагот Чагос

Стармер најави дека утре ќе се сретне со данската премиерка Мете Фредериксен на билатерални разговори.

Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд и архипелагот Чагос

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека нема да попушти под притисокот на Доналд Трамп и нагласи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да му дава поддршка на Гренланд, кој е соочен со желбата на американскиот претседател да ја присвои оваа данска територија.

- Нема да попуштам. Обединетото Кралство нема да отстапи од своите принципи и вредности, ниту во однос на иднината на Гренланд под закана со царини, рече Стармер пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент.

Тој најави дека утре ќе се сретне со данската премиерка Мете Фредериксен на билатерални разговори.

- Во однос на архипелагот Чагос, претседателот Трамп вчера употреби поинаква реторика во споредба со зборовите за поддршка што ги користеше кога го запознав во Белата куќа. Таквата реторика ја користи за да изврши притисок врз мене и врз Обединетото Кралство. Тој сака да ме присили да се откажам, но јас нема да отстапам, истакна Стармер.

Американскиот претседател вчера го оцени британскиот договор за отстапување на суверенитетот над атолите Диего Гарсија на Маврициус како „чин на целосна слабост“. Трамп додаде дека тоа е „уште една во долгата низа национално-безбедносни причини поради кои Гренланд мора да биде преземен“.

На островот Диего Гарсија се наоѓа стратешки важна американско-британска воздушна база во Индискиот Океан.

Велика Британија и Маврициус минатата година постигнаа договор за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус, при што на Британија ѝ е дозволено да ја задржи контролата врз воздушната база врз основа на долгорочен закуп. Овој договор претходно беше поддржан од американската администрација во мај минатата година, кога беше поздравена соработката за обезбедување на долгорочната работа на заедничката воена база.

Склучувањето на договорот беше одложено по инаугурацијата на Трамп во јануари 2025 година, бидејќи Лондон сакаше да и даде време на новата администрација да ги испита деталите.

Трамп вчера на својата социјална мрежа „Трут Соушл напиша: „Шокантно е што нашиот 'брилијантен' сојузник во НАТО, Обединетото Кралство, во моментов планира да му го предаде островот Диего Гарсија, локација на витална американска воена база, на Маврициус, и тоа БЕЗ НИКАКВА ПРИЧИНА“.

Тој исто така додаде дека нема сомнеж оти Кина и Русија го забележале овој потег на Велика Британија.

Согласно одредбите од договорот потпишан во мај 2025 година, Обединетото Кралство ќе го врати архипелагот Чагос на Маврициус, но ќе задржи 99-годишен закуп на главниот остров Диего Гарсија за да ја одржи заедничката воена база во овој стратешки важен регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер