Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
1Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта
СветСтармер пред пад?Стармер ги разгледува „сите опции“, вклучително и можноста за оставка, доколку градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, победи на дополнителните избори во Мејкерфилд, објави „Телеграф“.Британскиот премиер Кир Стармер ги разгледува „сите опции“, вклучително и можноста за оставка, доколку градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, победи на дополнителните избори во Мејкерфилд, објави весникот „Телеграф“, повикувајќи се на владини извори. Според весникот, сојузниците на Стармер тврдат дека премиерот изгледа „помалку борбен“ во приватните разговори отколку во јавните настапи, но во исто време го повикуваат да не поднесува оставка пред предвремените избори што се очекуваат на 18 јуни, со цел да се избегне „отворена битка за лидерство во Лабуристичката партија“. Се очекува заменик-лидерката на Лабуристичката партија, Анџела Рејнер, и поранешниот лидер на партијата, Ед Милибанд, да го поддржат Бернам доколку стане пратеник и започне кандидатура за премиер. Во исто време, поранешниот министер за здравство, Вес Стритинг, наводно, ја разгледува сопствената кандидатура, објави „Телеграф“. Даунинг стрит негира дека Стармер планира да поднесе оставка и инсистира дека британскиот премиер верува дека може да остане на функцијата, и покрај притисокот од околу 100 пратеници на Лабуристичката партија кои бараат тој да си замине. Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија ја одобри кандидатурата на Бернам за дополнителните избори во Мејкерфилд, а аналитичарите велат дека победата би му овозможила да се врати во Долниот дом и формално да се квалификува за кандидирање за лидер на партијата. Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го зголеми притисокот врз Стармер, велејќи дека ќе му биде „тешко“ на британскиот премиер да преживее политички освен ако не ги промени своите политики за имиграцијата и енергетиката. Извор: Б92Тагови: Кир Стармер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта 17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга. Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило. Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта. Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки. Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Црна хроникаРадовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачењеСВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш.СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото. По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook