МакедонијаСтармер: Неприфатливо е што не бев информиран за МанделсонБританскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е „неприфатливо“ и „зачудувачки“ што не бил информиран дека поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, не ја поминал безбедносната проверка.Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е „неприфатливо“ и „зачудувачки“ што не бил информиран дека поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, не ја поминал безбедносната проверка, а дека одлуката подоцна била поништена од британското Министерство за надворешни работи. Според Скај њуз, Стармер рекол дека е „апсолутно бесен“ поради прекинот во комуникацијата, нагласувајќи дека ниту тој, ниту другите министри, ниту кабинетот на премиерот, не биле запознаени со случајот. „Не бев информиран дека не ја поминал безбедносната проверка, ниту еден министер не бил информиран, ниту Даунинг стрит бил запознаен со тоа, што е целосно неприфатливо“, рече Стармер. Тој остро ги критикуваше надлежните служби, истакнувајќи дека „е целосно неприфатливо што премиерот кој ја донесува одлуката за назначувањето не е информиран за неуспешната безбедносна проверка“. Стармер најави дека во понеделник ќе ги презентира сите релевантни факти пред парламентот „со целосна транспарентност“. Претходно денеска, високиот британски министер Дарен Џонс изјави дека Стармер не размислува да поднесе оставка и покрај новиот политички спор околу назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во САД. Џонс за Би-би-си изјави дека Стармер не го „заблудил“ парламентот кога рекол дека „била почитувана соодветната постапка“ за време на назначувањето на Манделсон, нагласувајќи дека безбедносните проверки биле спроведени во согласност со нормалната постапка. Според него, безбедносните служби во Обединетото Кралство вршат проценки и даваат препораки, додека конечната одлука за назначувањето ја донесува Министерството за надворешни работи, што и беше направено во овој случај. Спорот избувна откако беше откриено дека Манделсон не ја поминал безбедносната проверка, но таа одлука подоцна беше поништена од британското Министерство за надворешни работи. Џонс оцени дека практиката на поништување на одлуките за верификација е „неприфатлива“, но нагласи дека тоа не го менува фактот дека, според тогаш важечката постапка, обраќањето на премиерот пред парламентот било точно. Највисокиот британски државен службеник во Министерството за надворешни работи, Оли Робинс, ќе поднесе оставка откако неговиот оддел не го информираше Стармер дека Манделсон не ги поминал безбедносните проверки за амбасадорската функција на САД. Како што објави Би-би-си, Стармер и шефицат на британската дипломатија, Ивет Купер, ја изгубија довербата во Робинс, кој „практично беше отстранет од функцијата“. Британската влада потврди дека Министерството за надворешни работи постапило спротивно на препораката на безбедносната агенција и му дозволило на Манделсон да ја преземе функцијата и покрај тоа што не успеал во процесот на проверка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладнеУтре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во НикуштакДиректорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните. Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСпасени 300 лица во МавританијаМавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“. Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението. „Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата. Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа. More than 300 migrants, including 40 children, rescued off Mauritania, coastguard says https://t.co/btCYHQyWSR — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 21, 2026 Тагови: Мавританија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook