СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
2СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
СветСтармер: Мировниот договор за Украина мора да биде праведен и со силни гаранцииУкраинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Даунинг стрит, каде одржува кризни разговори со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.Стармер е домаќин на приватните разговори, кои се дел од засилените напори да се најде рамка за прекин на војната со Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го обвини Зеленски дека не го прочитал најновиот мировен план, изразувајќи „мало разочарување“, иако тврдеше дека Владимир Путин е „задоволен“ од него. Стармер истакна дека секој мировен договор мора да вклучи „цврсти“ безбедносни гаранции за Украина за да се спречи можноста Русија повторно да ја започне војната. Тој и Макрон ја предводат „коалицијата на подготвените“, која е подготвена да го поддржи Киев по евентуален договор, а Обединетото Кралство веќе е подготвено да испрати воени сили како дел од гаранциите. – Ќе имаме приватни разговори со претседателот Зеленски и со канцеларот Мерц и претседателот Макрон, каде ќе ги разгледаме сите аспекти на планот, рече Стармер непосредно пред средбата. Тој нагласи дека конфликтот трае речиси четири години, дека Русија е агресор и оти секој прекин на огнот мора да биде праведен и траен. – Украина плати огромна цена за војна што не ја започна, а Путин не ги почитува договорите без силни гаранции, рече премиерот. И покрај критиките од Белата куќа дека европските лидери имаат „нереални очекувања“, Стармер му оддаде признание на Трамп за напорите во последните недели. Во меѓувреме, руските напади врз Украина продолжуваат. Најмалку четири лица загинаа во вчерашните напади со дронови и ракети, а Москва продолжува да ја таргетира инфраструктурата, правејќи ја зимата „оружје“, оставајќи цивили без греење и струја. Средбата во Лондон се одржува и по објавувањето на новата стратегија за национална безбедност на САД, која како приоритет ја наведува нормализацијата на односите со Москва. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера посочи дека стратегијата во голем дел се совпаѓа со визијата на Русија. ❗️After the meeting with Starmer and Zelensky, Merz and Macron left Downing Street without speaking to the press. pic.twitter.com/9rknCx91F1 — KyivPost (@KyivPost) December 8, 2025 Тагови: Кир Стармер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter