3ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
СветСтармер: Манделсон го предаде Обединетото Кралство со протекувањето информациите за ЕпстинБританскиот премиер Кир Стамер денеска изјави дека Питер Манделсон го „предаде“ Обединетото Кралство со протекувањето информации на Џефри Епстин, јави ДПА.Зборувајќи во Долниот дом на британскиот Парламент, Стамер рече дека Манделсон „постојано лажел“ за својата врска со педофилскиот финансиер Епстин за време на процесот на негово назначување за амбасадор на САД. Премиерот, исто така, рече дека разговарал со кралот за да го отстрани Манделсон од Тајниот совет( Privy Council), формално тело од советници на кралот во кој членуваат поранешни и актуелни високо позиционирани политичари и носители на високи државни и владини функции. Стармер беше дециден дека „Манделсон ја предаде нашата земја, нашиот парламент и мојата партија“, пренесе германската агенција. „Тој постојано го лажеше мојот тим кога го прашуваа за неговата врска со Епстин пред и за време на неговиот мандат како амбасадор, жалам што го назначив“, додаде тој. „Да го знаев тогаш тоа што сега го знам тој никогаш немаше да биде никаде блиску до владата“, рече британскиот премиер Манделсон се повлече од Домот на лордовите, но Стармер рече дека се подготвува закон за да се спречи да продолжи да ја користи титулата лорд. И рече дека се согласил со кралот дека Манделсон повеќе не треба да биде таен советник - што му овозможува да биде опишан како „многу чесен“ - затоа што „го оцрнил угледот на Тајниот совет“. Документите за назначувањето на Манделсон за амбасадор во САД ќе бидат објавени од владата откако конзервативниот лидер Кеми Баденох искористи парламентарен процес за да ги побара документите. Во среда попладне таа ќе ги побара сите документи што покажуваат како Манделсон ја добил работата во Вашингтон, вклучувајќи ги и пораките разменети со клучните личности во внатрешниот круг на Стармер, меѓу кои и шефот на кабинет, Морган МекСвини, како и високи министри, пренесе ДПА. Премиерот се согласи да ги објави документите сè додека тие не ја загрозуваат националната безбедност или меѓународните односи, додавајќи дека Метрополитенската полиција, исто така, покренала прашања за сè што би можело да ја загрози нивната истрага за наводното лошо однесување на Манделсон на јавна функција. Политички назначениот Манделсон беше отпуштен од својата позиција во Вашингтон во септември минатата година поради неговите врски со Епстин.Тагови: Кир Стармер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРедици и превоз до Битола - пензионерите од неколку градови подигнуваа готовина од Алта банкаОрганизиран автобуски превоз имаше и денеска пред експозитурата на Алта банка во Битола, каде пензионерите и примателите на социјална помош од неколку градови подигнуваа готовина. Редици граѓани повторно пред експозитурата на АЛТА банка во Битола, која и денеска ги отвори шалтерите за исплата на готовина до 20 илјади денари за пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат платежни картички. Во Битола пристигнаа и клиенти од други градови, откако Народната банка организираше автобуски превоз од Прилеп, Охрид и Ресен. По околу еден час патување, први пристигнаа прилепчани, а нешто подоцна и охриѓани и ресенчани. Граѓаните велат дека брзо завршиле работа. Сепак очекуваат што поскоро да се нормализира исплатата и во нивните градови, за да не мораат да патуваат на други места за да дојдат до своите пари. Од понеделник, шалтерска исплата ќе им биде овозможена и на клиентите во Тетово и Струмица. За клиентите во Скопје, каде што АЛТА банка има шест експозитури, засега нема информација кога ќе им биде овозможена ваква услуга. Дополнително, како што најави гувернерот Трајко Славески, од понеделник се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со платежните картички – од 10 на 15 илјади денари. Славески најави и дека клиентите ќе можат во целост, без ограничување на износот, да располагаат со идните приливи од плати, пензии и социјални трансфери што доаѓаат од институции и компании кои имаат сметки во други банки…Славески и понатаму уверува дека состојбата во АЛТА банка е добра, дека таа е ликвидна и високо капитализирана банка. Вчера откри дека шест потенцијални инвеститори пројавиле интерес за купување на банката, меѓу кои и странски инвеститори, а биле одржани средби и со две домашни банки. Сепак, нивните имиња засега не ги открива. Во меѓувреме, истече тридневниот рок во кој српскиот регулатор требаше да се произнесе дали белградската АЛТА банка самостојно ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Народната банка најави дека по истекот на десетте дена од воведувањето привремена администрација ќе ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Привремената администрација стапи на сила на 1 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотРускиот град Норилск е окован во снег и мраз- темепратурата се спушти на минус 26 (ВИДЕО)Вистински зимски сцени доаѓаат од рускиот град Норилск, каде што ниските температури, силните ветрови и обилни снежни врнежи создадоа речиси нереални сцени.Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно. Еден од коментарите е многу впечатлив, а корисникот прашал колку (веројатно државата) им дава на луѓето да живеат таму: „Се прашувам колку милиони им даваат месечно за да не избегаат од таму?“ View this post on Instagram A post shared by Екатерина Горланова (@gorlanova_ekaterina11) Норилск, еден од најсеверните градови во светот, е познат по својата исклучително сурова клима и долгите зими, но сцените што доаѓаат оттаму повторно потсетуваат на условите во кои живеат жителите на овој град во постудениот дел од годината. Според извештаите на локалните медиуми, кон крајот на октомври, температурата во некои делови од Норилск паднала на минус 26 степени Целзиусови, додека субјективното чувство на студ достигнало минус 30 степени Целзиусови поради временските услови. Улиците, покривите и автомобилите покриени со снег и мраз, како и силните ветрови го отежнале движењето уште повеќе и ја намалиле видливоста. Зимското време не е невообичаено во овој дел од Русија, но секој нов бран студ повторно покажува колку е сурова климата на далечниот север. Норилск се наоѓа над Арктичкиот круг, во област каде што долгите зими, ниските температури и силните ветрови се дел од секојдневниот живот. Жителите се навикнати на екстремни временски услови, додека ваквите сцени се речиси незамисливи за луѓето од потоплите региони.Тагови: мраз снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветНетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречилеСпоред извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот. Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад. Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива. Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Мосад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter