Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
2Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
ЖивотСтармер и кралот Чарлс по приведувањето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законотПо веста дека денеска е приведен поранешниот британски принц Ендру, се огласија премиерот Кир Стармер и неговиот брат, кралот Чарлс III, истакнувајќи дека законите важат за сите подеднакво.Стармер во интервју за Би-би-си изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и во САД поради поврзаноста со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епстин. - Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без оглед дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња, наведе Стармер. Стармер потенцира дека основен принцип на британскиот систем е оти „никој не е над законот“. По апсењето напоранешниот принц Ендру се огласи и кралот Чарлс, наведувајќи оти законот мора да се спроведува. - Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес во кој ова прашање ќе биде истражено на соодветен начин и од страна на надлежните органи, се наведува во изјавата на британскиот крал. Тој повтори дека истрагата ја „има нашата целосна и безрезервна поддршка и соработка“. - Јасно ставам до знаење: законот мора да се спроведува, истакна кралот Чарлс, додавајќи оти нема повеќе да коментира сè додека трае процесот. Претходно британската полиција соопшти дека привела 66-годишен маж од Норфолк под сомнение за недолично однесување на јавна функција и оти се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Полицијата не го откри името на приведениот со образложение дека истрагата е во тек. Но, британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека е уапсен Ендру Маунтбатен-Виндзор неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден. Претходно, на принцот Ендру му беше одземена титулата и се исели од резиденцијата во Виндзор поради поврзаност со сексуалниот предатор Епстин. Принцот Ендру оттогаш е познат како Ендру Маунтбатен Виндзор. Сè уште не е познато каде Ендру е во притвор. Согласно законот тој може да биде задржан од 12 до 24 часа, по што се подигнува обвинителен акт или се ослободува осомничениот. Полицијата изминатите денови ги истражуваше тврдењата на жена, која тогаш не била британска државјанка, дека Епстин во 2010 година ја испратил во Велика Британија за да има секс со Маунтбатен-Виндзор во неговата резиденција „Ројал Лоџ“. Таа преку својот адвокат тврди дека откако ја поминала ноќта со него, ѝ бил понуден чај и обиколка на Бакингемската палата. Во меѓувреме девет полициски управи во Велика Британија ги истражуваат наводите дека поранешниот принц проследувал чувствителни владини и комерцијални документи до Епстин, што претставува злоупотреба на јавната должност и кршење на службена тајна. Лондонската полиција испитува дали телохранителите на Ендру „намерно замижувале“ за неговите посети на приватниот остров на Епстин. Објавените документи и електронска пошта покажуваат дека Ендру и Епстин останале во контакт откако американскиот милијардер призна вина за подведување малолетнички. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управаДенеска, во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90-та седница, одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа. Органите на државната управа се дел од извршната власт на Република Северна Македонија кои се основаат во областите од значење за државата заради ефикасно извршување на нејзините функции и остварување на правата, должностите и правните интереси на граѓаните и правните лица. Основањето и работата на министерствата, органите на државната управа во состав на министерствата и управните организации се уредуваат со овој закон. Јавната расправа ја отвори претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, кој ги поздрави присутните пратеници, универзитетските професори и претставниците на заинтересираната јавност. Притоа, го образложи планираниот тек на денешната јавна расправа, посочувајќи дека станува збор за законско решение за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Потоа, збор му беше даден на предлагачот на Законот – Министерството за јавна администрација, претставувано од министерот Горан Минчев. Министерот Минчев го презентираше предложеното законско решение, нагласувајќи дека станува збор за закон со кој се уредува организацијата на државната управа и се воведуваат системски правила насочени кон унапредување на нејзиното функционирање и зголемување на ефикасноста на јавната администрација. Тој посочи дека една од основните цели на Законот е појасно разграничување на надлежностите на институциите, со што тие ќе се надополнуваат во своето работење, наместо да доаѓа до преклопување на нивните функции. Министерот истакна дека јавната расправа е од исклучителна важност во процесот пред донесувањето на Законот, нагласувајќи дека Министерството останува отворено за предлози и сугестии со цел дополнително унапредување на законското решение пред неговата практична примена. По завршувањето на дискусијата, последен се обрати министерот Минчев, кој истакна дека Министерството внимателно ќе ги разгледа и ќе ги земе предвид забелешките и предлозите изнесени од страна на експертската јавност.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter