Стармер: Британските надградени дронови „Сторм шрауд“ стануваат оперативни - Канал 5

Стармер: Британските надградени дронови „Сторм шрауд“ стануваат оперативни

 Британските надградени беспилотни летала „Сторм шрауд“ од денеска стануваат оперативни, а се опремени со прекинувач на сигнали што може да го наруши работењето на непријателските радари на голема далечина, изјави британскиот премиер Кир Страме

Стармер: Британските надградени дронови „Сторм шрауд“ стануваат оперативни

Тој вети дека владата ќе „преземе храбри акции“ за да се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин и да ја заштити безбедноста на Велика Британија и Европа.

Од кабинетот на Стармер е соопштено дека дроновите „Сторм шрауд“ се развиени врз основа на искуството стекнато во војната во Украина, објави Скај њуз.

Британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) првично ќе инвестира 22,3 милиони евра (19 милиони фунти) во најсовремени беспилотни летала „Сторм штрауд“, кои ја користат технологијата за електронско војување „Брајт сторм“, кои ги изработи компанијата „Leonardo UK“.

МД „Илинден"-Тирана од новата влада бара поголема грижа за положбата и правата на Македонците

МД „Илинден"-Тирана и посакува успех на Владата на Рама и бара поголема грижа за положбата и правата на Македонците

МД „Илинден"-Тирана од новата влада бара поголема грижа за положбата и правата на Македонците

Македонско друштво „Илинден”-Тирана на новата влада на премиерот Еди Рама и посакува успех и исполнување на предизвиците, но во исто време бара да го посвети потребното внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и Врбник.

Се додава дека Македонците таму се соочуваат со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужуваат конкретна и континуирана поддршка од новата Владата.

Од Македонско друштво „Илинден”-Тирана потсетуваат и на прашањето со граничниот премин Требиште – Џепиште, област Голо Брдо, кој беше отворен во мај 2013 година и на „седница на владите на Албанија и Македонија одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана".

- Сметаме дека е крајно време овој граничен премин да премине од премин од локален карактер во режим на целодневно 24-часовно функционирање, со што значително би се олеснила комуникацијата на жителите од Голо Брдо со Македонија, со која тие секојдневно имаат лични, здравствени, образовни и економски потреби, додаваат од друштвото.

Од име на Македонците, бара Владата и министерството да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на барањето за настава на мајчин македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број.

Бараме, се нагласува, Владата да изврши промена на територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати како посебни општини областите Голо Брдо и Гора, каде живеат Македонци.

- Македонско друштво „Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Апелира до Владата да преземе сериозни мерки во насока на поголема грижа за положбата и правата на македонскиот народ во Република Албанија, посочува друштвото.

Оценува и бара Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија, зашто „сметаме дека комитетот за националните малцинства треба да биде активен глас на малцинствата во Република Албанија".

- Истовремено, веруваме дека новата Влада предводена од премиерот Еди Рама ќе работи да се подобрат правата на Македонците во Република Албанија. Ви посакувам успех во работата и во реализацијата на програмата, стои во барањето потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај и координаторот за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната

Последниот натпревар на Анчелоти на чело на мадридскиот гигант ќе биде домашниот натпревар против Реал Сосиедад . 

Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната

Реал Мадрид официјално објави дека се разделува од тренерот Карло Анчелоти по завршувањето на тековната сезона 2024/25. Ова се случи долго време откако Бразил објави дека италијанскиот стручњак ќе стане селектор на репрезентацијата на земјата од крајот на мај.

Последниот натпревар на Анчелоти на чело на мадридскиот гигант ќе биде домашниот натпревар против Реал Сосиедад . Така, тој ќе одигра вкупно 353 натпревари на чело на Реал Мадрид, а во двата периода во клубот освои 15 трофеи - три Лиги на шампиони, две титули во Ла Лига, две титули Светски клупски шампион, два Суперкупа на Шпанија, два Кралски Купа, три Суперкупа на Европа и еднаш Интерконтиненталниот куп.

-Карло Анчелоти сега е дел од семејството на Мадрид засекогаш. Горди сме што можевме да ги користиме услугите на еден од најдобрите тренери, кој ни помогна да постигнеме многу успеси и да освоиме многу трофеи, претставувајќи ги вредностите на нашиот клуб на импресивен начин, рече претседателот на Реал, Флорентино Перез, за Италијанецот.

Клубот им посака на Анчелоти и на неговото семејство многу среќа и успех во новата фаза од неговиот живот.

Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“ - Денот на сесловенските просветители.

Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред

ЈСП Скопје соопшти дека за време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.с

притисни ентер