Стармер: Британија на Арктикот ќе испрати ударна група на носачи на авиони - Канал 5

Стармер: Британија на Арктикот ќе испрати ударна група на носачи на авиони

Велика Британија ќе распореди ударна група на носачи на авиони предводена од „HMS Prince of Wales“ на Арктикот, изјави премиерот Кир Стармер на Минхенската безбедносна конференција.

Стармер: Британија на Арктикот ќе испрати ударна група на носачи на авиони

Велика Британија ќе распореди ударна група на носачи на авиони предводена од „HMS Prince of Wales“ на Арктикот, изјави премиерот Кир Стармер на Минхенската безбедносна конференција, нагласувајќи дека тоа ќе биде „демонстрација на посветеноста на Велика Британија кон своите сојузници“.

„Денес можам да објавам дека Велика Британија ќе ја распореди нашата ударна група на носачи на авиони во Северниот Атлантик и Високиот Север оваа година, предводена од „HMS Prince of Wales“, која ќе работи заедно со САД, Канада и другите сојузници на НАТО, во силна демонстрација на нашата посветеност кон евроатлантската безбедност“, рече Стармер, објави „Sky News“.

Стармер, исто така, вети дека ќе се заложи за Член 5, еден од основачките принципи на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз една членка е напад врз сите.

„Затоа им велам на сите членки на НАТО, нашата посветеност на Член 5 е длабока како и секогаш и не се сомневајте дека доколку биде повикана, Велика Британија ќе дојде на помош денес“, рече тој.

Тој додаде дека Европа мора да застане на свои нозе.

„Тоа значи да се биде похрабар, тоа значи да се остават настрана ситните политики и краткорочните грижи. Тоа значи да се дејствува заедно за да се изгради посилна Европа и поевропско НАТО“, заклучи Стармер во Минхен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг

СДС повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека државата е пред финансиски колапс. Но проблемот за СДС е што нивната политичка математика не се совпаѓа со официјалните податоци.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг

Тезата дека Македонија „брутално се задолжува“ и дека јавниот долг излегува од контрола паѓа пред една едноставна бројка: на крајот на вториот квартал од 2026 година јавниот долг изнесува 58,8% од БДП. Тоа е за 0,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2025 година и дури 2,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2024 година.

Ако долгот „експлодира“, како што тврди СДС, тогаш нека објаснат како неговото учество во БДП се намалува.

Одговорот е едноставен. СДС намерно ги собира сите износи на обезбедено финансирање и ги прогласува за „нов долг“, но молчи за милијардите евра што државата истовремено ги враќа. Тоа не е економска анализа, туку политичка манипулација.

Само од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра: 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година.

Тоа се 4,556 милијарди евра кои СДС ги нема во својата пресметка.

Само годинава целосно е исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, во време на владеењето на СДС. Од неа, 383,7 милиони евра беа исплатени предвремено во февруари, а останатите 327,9 милиони евра при достасувањето. Со предвремената отплата беа заштедени и 3,2 милиони евра буџетски средства.

Затоа, пред СДС да држи прес-конференции за тоа кој ја задолжувал државата, добро е прво да погледне кога се создадени обврските што денес ги плаќаме.

Оваа Влада денес обезбедува средства за тековното функционирање и развој на државата, но истовремено враќа милијарди евра обврски преземени во минатото. И покрај тоа, јавниот долг во однос на БДП е намален.

А што е оставено за плаќање во следните години најдобро покажуваат бројките.

Во периодот 2027–2031 година државата треба да сервисира околу 5,129 милијарди евра главница и околу 2,396 милијарди евра камати – вкупно околу 7,525 милијарди евра.

Тоа се реални обврски со конкретни рокови на достасување. Затоа сериозна Влада однапред го планира нивното сервисирање и рефинансирање. Само неодговорна опозиција може секое рефинансирање на стар долг да го прогласува за целосно „нов долг“, а притоа да премолчи кој и кога го создал долгот што сега достасува.

Најдобриот показател за тоа дали долгот е под контрола не е политички избрана апсолутна бројка, туку неговото движење во однос на економијата. А тука СДС повторно има проблем со фактите: јавниот долг е 58,8% од БДП и е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година. Тоа е одговорот на нивната теза дека „од нешто правиме ништо“. Напротив, се сервисираат милијарди евра стари обврски! Тезата дека „касата е празна“ е уште една политичка конструкција. Фактот дека државата се финансира на домашниот и меѓународниот пазар не значи дека „нема пари“. Тоа е нормален дел од управувањето со јавните финансии – се финансира буџетскиот дефицит, се рефинансираат обврските што достасуваат и се обезбедува навремено сервисирање на долгот.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’

Мали Фрчко и талогот од СДС мислат дека ако повторат некоја лага по илјада пати, таа магично ќе стане вистина.

ВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага на талогот од СДС не станува вистина, мали Фрчко повторно ја загуши „бомбата’’

Граѓаните јасно ги имаат прочитано очајните обиди на талогот од СДС, но очигледно дека Фројд работи кај нив, па еве повторно да ја загушиме „бомбата’’ на СДС.

Искрено се надеваме дека овој пат СДС не користеле психотропни супстанци, затоа што лошо им делуваат во нивниот однос кон јавноста, т.е. ги тера многу на лажење, манипулирање и дезинформирање.

Имено, во март минатата година беше јасно соопштено дека вредноста на првата оспорувана набавка изнесувала речиси 40 проценти помалку од планираната вредност. Со тоа биле заштедени околу еден милион денари од парите на граѓаните, а опремата била навремено и квалитетно испорачана. За постапката не била поднесена ниту една жалба.

Исто така, беше јасно утврдено дека државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација не учествувал во ниту една фаза од постапките за јавни набавки, додека министерот не учествува во подготовката на техничките спецификации, евалуацијата и изборот на економските оператори.

Денеска СДС и мали Фрчко се обидуваат старата конструкција да ја надградат со нови инсинуации, засновани на некакви претпоставени поранешни деловни односи меѓу приватни лица. Но поврзувањето имиња и компании не е доказ за корупција, судир на интереси или незаконско влијание.

Кога станува збор за конкретниот Систем за управување со документи – ДМС, чие одржување СДС се обидува да го претстави како афера, фактите се целосно спротивни од нивните конструкции. Од наследен и нефункционален систем, денес ДМС активно го користат повеќе од 45 институции.

Тоа значи електронско, ефикасно и следливо управување со документите и предметите во институциите. Секој предмет има електронска трага и може да се следи неговото движење и постапување, наместо да остане заборавен или намерно скриен во нечија фиока. Тоа е вистинската дигитална трансформација што СДС не успеа да ја спроведе додека беше на власт.

На денешната прес-конференција не беше презентиран ниту еден доказ дека некој влијаел врз условите на постапките, дека критериумите биле приспособени за одредена компанија, дека била прекршена законска одредба или дека бил извршен незаконски трансфер на средства. СДС повторно се обидува политичките претпоставки да ги претстави како пресуда.

Сите постапки во Министерството за дигитална трансформација се спроведуваат согласно законските процедури, преку Електронскиот систем за јавни набавки, од стручни комисии и со целосна документација достапна за проверка.

Додека тие рециклираат демантирани лаги, Министерството за дигитална трансформација испорачува конкретни резултати за граѓаните.

Бројот на електронски услуги е зголемен од 120 на 352, бројот на корисници од 110.000 на повеќе од 266.000, а бројот на поднесени барања од 64.000 на над 340.000. Напредокот на Македонија во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста е потврден и во релевантни меѓународни извештаи и индекси.

Токму овие резултати најмногу му пречат на СДС. Свесни се дека Министерството бележи драстичен напредок и дека од него најголема корист имаат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карерас и македонските музички ѕвезди заедно ја запеја „Едно име имаме“ на плоштадот „Македонија“

Во рамки на одбележувањето на 23 години од независнота на Македонија синоќа на плоштадот во Скопје настапи светски познатиот тенор Хозе Карерас.

Карерас и македонските музички ѕвезди заедно ја запеја „Едно име имаме“ на плоштадот „Македонија“

Натастапот беше заокружен и кулуминираше со изведба на „Едно име имаме“ чија изведба предвика овации во пибликата, а беше отпеана заедно со македонските музички ѕвезди. Пред настапот на Карерас, публиката уживаше во настапите на голем број македонски музички имиња, меѓу кои Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, а дел од најавениот состав беа и Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. Македонските изведувачи настапија во придружба на Македонската филхармонија, под диригенство на Сашо Татарчевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер