Филипче: Со Мицкоски странските инвестиции паднаа на само 18 милиони, дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евра
2Филипче: Со Мицкоски странските инвестиции паднаа на само 18 милиони, дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евра
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЖивотСтареењето некогаш се случува забрзаноИстражувањата покажуваат дека осаменоста ја зголемува опасноста од деменција за речиси 31 отсто.Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени периоди се случува „со залет“, т.е. забрзано. Некои од признаците за тоа се брчките, особено по 40-та година од животот. Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд открива дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проулчување 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам. Во проучувањата беа опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули. Според наводите, ентропијата - т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст. - Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој. Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна - овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт. Исто така, препорачливо е да се избегнува алкохол, како помалку користење телефон, компјутер и телевизор, оти времето минато пред екран може негативно да влијае и на квалитетот на сонот, стрес и депресија. На сметка на тоа, повторно се препорачува директен контакт со луѓе. Истражувањата покажуваат дека осаменоста ја зголемува опасноста од деменција за речиси 31 отсто. Добриот сон го поддржува имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостатокот на сон, пак, од друга страна, негативно да влијае на помнењето и продуктивноста./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИОвој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив.Овој правосуден систем со 2% доверба, кој штити политички моќници од опозициските редови, го создадоа и партизираа СДС и ДУИ. А, сега гледаме дека таквата партизација со нивни инсталации бирани во партиските штабови во Струмица и Зајас, СДС и ДУИ го правеле, за сега да ги штитат нивните интереси и на нив блиските моќни поединци. Дел од инсталациите во правосудниот систем, блиски и дел до структурите на СДС се лица како Весна Дамева, поранешен претседател на Судскиот совет, која била член на партиска комисија на СДС. Тука е и Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда, СДС ја инсталираше во Уставниот суд, која денес продолжува да работи во нивен интерес и за политички поени, грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување од 7000 денари на пензиите. Не треба да го заборавиме Наќе Георгиев, кој токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, во оваа екипа дел е и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април, која стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ. Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ. Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче. Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема. Но тоа што треба да се знае е дека, веќе е време во Македонија да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ и законот да важи еднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаФилипче: Со Мицкоски странските инвестиции паднаа на само 18 милиони, дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евраСо Мицкоски странските инвестиции во Македонија паднаа на само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 година, од просечни 200 до 250 и повеќе милиони евра по квартал во 2024 година.Со Мицкоски странските инвестиции во Македонија паднаа на само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 година, од просечни 200 до 250 и повеќе милиони евра по квартал во 2024 година, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Филипче посочи дека податоците за странските инвестиции се директен показател за последиците од лошите економски политики на власта на ВМРО. „Во 2024 година рекордна година, имаше 1 милијарда евра странски инвестиции, или квартално во просек 200 до 250 и повеќе милиони евра во текот на цела 2024 година, како резултат на кумулативните добри економски политики на нашата влада на СДСМ. Во 2025 година се 247 милиони евра, значи 750 милиони евра помалку странски инвестиции. Па како ќе работи економијата? Вториот квартал во 2026 година значи од години кога сме имале по во просек 250 милиони евра странски инвестиции, овој квартал благодарение на економските политики на Христијан Мицкоски и Гордана Кочовска само 18 милиони евра странски инвестции.“ рече Филипче. Тој нагласи дека не станува збор за мало намалување, туку за драматична разлика во однос на нивото на инвестиции што се бележеше претходно, посочувајќи дека кварталниот просек од околу 250 милиони евра сега е сведен на 18 милиони евра. „Значи не биле 20 милиони па да се намалат на 18 или 50 или 60 или 100 милиони. Биле 250 милиони евра, втор квартал 2026 годна 18 милиони евра.Еве толку од успешните политики на оваа Влада, останавме без странски инвестиции“ рече Филипче. Филипче укажа дека блокираниот европски пат има и директни економски последици, особено врз интересот на странските инвеститори и можностите за развој на бизнисите. „Затоа што поради несигурноста на регионот, поради вакви изолационистички политики на Мицкоски не сакаат странските инвеститори да дојдат. Затоа паѓаат странските инвестиции“ рече Филипче. Говорејќи за економската состојба и нивото на странски инвестиции, Филипче потенцираше дека состојбата со странските инвестиции и со другите економски показатели е последица на неодговорните и лоши политики на Владата на ВМРО. Тој посочи дека власта манипулира со податоците, додека реалноста што ја живеат гаѓаните поразителна. Во тој контекст Филипче како пример го посочи нивото на бруто-домашниот производ, за што нагласи дека растот на БДП не може да се гледа изолирано од растот на цените и личната потрошувачка. „Знаете зашто расте бруто домашниот производ? Затоа што две третини од структурата на бруто домашниот производ е личната потрошувачка и бруто-домашниот производ расте меѓу другото поради тоа што е се поскапено. Затоа расте БДП, и од еден единствен голем проект кој што добро функционира, а тоа е Бехтел и Енка за кој што Мицкоски кажуваше дека е голем криминал. Да потсетам зашто не го прекина ако беше толку голем криминал?“ рече Филипче. Дупката во ПИОМ е удвоена и достигнува една милијарда евра, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5, посочувајќи дека состојбата со пензискиот фонд е показател за лошото управување со јавните финансии. „Еве како се имаа пари во буџетот. Прво во буџетот за пензиско инвалидско осигурување. Колку е дупката? Во 2021, 22, 23, дупката во фондот била 500 милиони евра. 2024 година од 530 милиони евра, 2025 година од 690 милиони евра. 2026 година, годинава, проекција, една милијарда евра. Значи, дуплирана дупката во пензискиот фонд. Наместо 500 милиони евра, сега треба од некое друго место, државата да најде милијарда евра за пензионери да си ги земаат пензиите. Дупката во фондот и дефицитот, кој што е дуплиран од 500 на милијарда евро, е сè поголем, покрај тоа што 1% од придонесите е трансфериран и е зголемен придонесот во пензиското осигурување. Државата постепено пропаѓа и ќе остане без пари“, рече претседателот на СДСМ. Филипче посочи и на линеарното зголемување на пензиите, за кое рече дека е неправеден систем потенцирајќи дека пензионерите со последните покачувања од 1.000 денари се украдени од власта. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО во КопенхагенНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на 18 и 19 септември 2026 година во Копенхаген, Данска, ќе учествува на конференција на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови.Со состанокот ќе претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне. На настанот ќе присуствуваат и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие. Началниците на Генералштабовите на сите земји членки ќе разговараат за актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од значење за Алијансата, со посебен фокус на спроведувањето на заклучоците од Самитот на НАТО во Анкара. Воениот комитет се состанува на ниво на началници на Генералштабови двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел. Дополнително, еднаш годишно една од сојузничките земји е домаќин на Годишната конференција на Воениот комитет, која годинава се одржува во Данска.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook