СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
1СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
3Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини
ЖивотСтара железничка станица во Мадрид е претворена во „најубавото зелено место“Поранешната станица во Мадрид, Аточа, претворена во тропска градина, денес е вистинска атракција.Од 1892 до 1992 година, зградата на станицата ги опслужуваше потребите на железничкиот сообраќај, кој подоцна беше префрлен во надграден објект подобро прилагоден за брзите возови. Така, сто години по отворањето, овој простор доби сосема поинаква намена - претворен е во тропска градина која се простира на 4.000 квадратни метри. Во градината има околу 7.000 растенија, а порано во Аточа се гледале и желки, но во 2018 година биле преместени во блискиот природен парк каде биле обезбедени подобри услови. Градината вклучува и растенија како месојади, мексиканска овошна салата, јужноафрикански рајски цвеќиња и загрозеното растение гинко билоба од Јапонија. Покрај растенијата, во поранешната станица има и ресторани и кафулиња. Аточа многумина ја нарекуваат „едно од најубавите зелени места во светот“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во ВелесНа 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Тагови: СВР Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовскоДенеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.Најкритично се уште е во Мариoво. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровиниМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија.Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор. Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи. „Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација“, истакна министерката Божиновска. Божиновска го потенцираше и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка. Соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа. Во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, каде што беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на проекти од заемен интерес. Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства. На средбата беше заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците. Средбата Божиновска – Мацинка е потврда дека традиционално добрите политички односи меѓу Македонија и Чешка се претвораат во сè посилна економска и енергетска соработка, со фокус на инвестиции, технологии и конкретни резултати. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter