Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години - Канал 5

Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години

Случаите на рак кај младите луѓе ширум светот пораснале за 79 отсто, меѓу 1990. и 2019 година, предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките за оние на возраст под 50 години.

Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години

Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако генетиката веројатно придонесува за порастот - и пушењето, пиењето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но со малку овошје и млеко, се главните фактори на ризик. Утврдено е дека прекумерната тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта имале улога во тоа покачување на бројките кај младите лица. Научниот труд е објавен во списанието „БМЈ онколоџи“ (BMJ Oncology).

Ракот на дојка го сочинува најголемиот дел од случаите - 13,7 на секои 100.000 луѓе. Случаите на рак на душникот и на простата, пак, растат најбрзо со 2,28 насто и 2,23 насто годишно, соодветно.

А пак, случаите на рак на црниот дроб се во пад, во просек за 2,88 отсто.

Раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последниве 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година.

Добротворната организација „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK) потврди дека напредокот во згрижувањето на болни ракот помогнал да се спасат најмалку 1,2 милиони животи во Обединетото Кралство од 1980-тите до денес. Д-р Клер Најт смета дека ракот останува „првенствено болест на постарите лица“, но и оти, сепак, наодите од новото истражување се алармантни.

- Потребни се повеќе испитувања за причините за рак на рана возраст, за одредени видови канцер, како што е и нашето истражување коешто разгледува нови начини за идентификување поголема опасност од рак на дојка кај помладите жени, додаде д-р Најт.

Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на Сонце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, ​​се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“.

Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување.

Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени.

„Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки.

Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци.

На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот.

Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата.

Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат.

Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер