Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

 Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во 2.00 часот по локално време.

Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа, јави Би-Би-Си.

Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сè уште на чкрапалото".

И Израел и Хамас прогласија победа.

За прекинот на огнот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа е „одлична можност" за напредок.

Израел вчера нападна објекти на Хамас во северна Газа повеќе од 100 пати, а палестинските сили возвратија со ракети.

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет соопшти дека ја прифаќа препораката да се запрат вооружените судири.

– Политичките власти потенцираат дека ситуацијата на теренот ќе одлучи дали ќе има продолжување на конфликтот или не, додаде тој.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц преку Твитер порача дека офанзивата врз Газа донесе „невидени воени придобивки".

Лидер на Хамас за светските агенции изјави дека примирјето што го најави Израел претставува „победа" за палестинскиот народ и пораз на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Примирјето стапи во сила утрово во 2.00 часот по локално време, по што многу Палестинци излегоа на улиците во Газа, прославувајќи го крајот на конфликтот движејќи се во колони автомобили.

Од звучниците на џамиите можеше да се слушне дека тоа е „победа на отпорот постигнат над окупацијата за време на битката „Ерусалимски меч".

Сепак, Басем Наим, од советот за меѓународни односи на Хамас, за Би-Би-Си изјави дека е скептичен во однос на должината на траењето на примирјето.

– Без правда за Палестинците, без запирање на израелската агресија и израелските злосторства врз нашиот народ во Ерусалим, примирјето ќе биде слабо, рече Наим.

Вооружениот конфликт почна пред 12 дена, по неколкудневни немири во источен Ерусалим и на Ридот на храмовите каде беше првото место на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Израел смета дека му припаѓа и окупираниот источен дел на Ерусалим, каде што живеат Палестинци, кои го сметаат за главен град на нивната идна држава.

Судирите во тој дел од градот почнаа поради најавата дека некои палестински семејства ќе бидат иселени од нивните домови во тој дел на градот и ќе се населат Израелци.

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер