Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка
1Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
2ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка
3Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
БалканСтапи во сила новиот закон за безбедност во сообраќајот во ГрцијаСтапи во сила новиот закон за безбедност во сообраќајот во Грција, МИА ги анализира казните за сообраќајни прекршоци.– Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што од денеска стапува во сила, а има за цел намалување на сообраќајните несреќи, јави дописничката на МИА од Атина. Според Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, земјата е над европскиот просек во смртните случаи во сообраќајни несреќи на патиштата, а прекршоците, како што се користење мобилен телефон, пребрзо возење, неносење појас или кацига и возење под дејство на алкохол се клучните причини за несреќи. Новиот закон, пред три месеци со широко мнозинство беше изгласан од грчкиот Парламент, а како што тогаш објави МИА, предвидува низа промени во казните, токму за овие прекршоци што доведуваат и до сообраќајни несреќи. Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење појас или кацига на мотор, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, казна до 2.000 евра за поминување на црвено, активирање на Кривичниот законик при опасно возење, воведување систем на казни на повеќе нивоа при повторување на прекршокот, предвидува меѓу другото новиот во закон. Од 350 до 4.000 евра казна за употреба на мобилен телефон при возење Досега, за користење мобилен телефон без разлика дали е предизвикана несреќа или не, само се одземаа возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена. Сега, постои разграничување и доколу при употребата на мобилниот не се предизвика сообраќајка, казната е 350 евра и одземање на дозволата на 30 дена, доколку се работи за прво прекршување. При второто, казната е 1.000 евра и одземање на дозволата за 180 дена, а доколку возачот биде фатен по трет пат да користи мобилен додека вози, ќе треба да плати 2.000 евра и една година ќе остане без возачка дозвола. Казните се построги ако поради употребата на мобилниот телефон биде предизвикана несреќа, а во овој случај се активира и Кривичниот законик за опасно возење, што вклучува и казна затвор. За предизвикување сообраќајна несреќа при користење мобилен телефон казната е 350 евра и одземање на возачката дозвола за 30 дена, доколку се повтори прекршокот паричната казна е 2.000 евра и одземање на возачката дозвола на четири години, а во случај возачот по трет пат да го стори истиот прекршок парична казна се зголемува 4.000 евра, а осум години ќе остане без возачка. Слични казни се предвидени и за некористење кацига или појас како од возачите на мотори, така и од сопатникот. Возење без безбедносен појас или без кацига на мотор – казни и за возачот и за совозачот Неносењето појас во возилата или заштитна кацига на моторите досега се казнуваше со 50 евра и одземање на дозволата и регистарските таблици на 60 дена, додека пак сега, казната за возачите е 350 евра и одземање на возачката дозвола на 30 дена. Совозачот на моторот, доколку не носи кацига ќе биде казнет со 350 евра, но казна ќе добие и возачот, па дури и да носи. Истото важи и за безбедносниот појас, ако совозачот не носи ќе биде казнет со 150 евра, а иста казна ќе добие и возачот, без разлика дали носи или не. Овие казни се однесуваат на прекршокот доколку е сторен прв пат. За втор пат, казните се 1.000 евра и одземање на возачката на 180 дена, а за трет пат е 2.000 евра и возачот ќе биде една година без возачка дозвола. Возење под дејство на алкохол За возење под дејство на алкохол казните се движат меѓу 350 до 4.000 евра и одземање возачка од 30 дена до десет години, во зависност од количината алкохол и дали станува збор за прв, втор или трет прекршок. Претходно, за возење под дејство на алкохол од 0,50 до 1,10 г/л предвидена беше парична казна од 200 до 700 евра и одземање на возачката дозвола до 90 дена, како и кривична постапка во потешки случаи. Сега се воведуваат современи методи за откривање, кои вклучуваат и тестирање за психоактивни супстанции, а возилото се запира задолжително и се чува под надзор. За возење под дејство на алкохол што е меѓу 0,50 и 0,80 г/л, паричната казна е 350 евра, а возачката дозвола се одзема на 30 дена, додека пак ако количината алкохол во крвта е меѓу 0,80 и 1,10 г/л, паричната казна е 700 евра и одземање на дозволата на 90 дена. При повторни прекршувања и во двете категории казната се зголемува на 1.000 евра и одземање на дозволата на 180 дена, а со следното прекршување има и ново зголемување на казните, односно паричната на 2.000 евра, а возачот една година ќе биде без возачка дозвола. За возење под дејство на алкохол што е над 1,10 г/л, претходно возачот се казнуваше со 1.200 евра, одземање на дозволата за 180 дена и најмалку 2 месеци затвор, додека пак сега се менува само затворската што може да биде од два месеци до пет години. За одново повторување на прекршокот казната е 2.000 евра, возачката дозвола се одзема на седум години, а при трет пат, возачот ќе треба да плати казна од 4.000 евра и десет години ќе биде без дозвола. Надминување на дозволената брзина – од 700 до 8.000 евра казна Високи се казните и за возење со прекумерна брзина, за прекршување на сообраќајни знаци, за возење без дозвола итн. За надминување на дозволената брзина над 50 километри на час, претходната регулатива предвидуваше парична казна од 20 до 175 евра и одземање на возачката дозвола до 60 дена, сега пак, паричната казна се зголемува на 700 евра. При повторување на прекршокот, казната е 1.000 за првото, 2.000 евра за второто прекршување, а возачката се одзема на 180 дена, односно една година. Посебни казни се предвидени и за недозволени трки на автомобили и брзина од над 200 км/ч, каде што казните се од 2.000, 4.000 и 8.000 евра при првиот, вториот и третиот прекршок, заедно со одземање на возачката дозвола на една, две или четири години, во зависност дали е прв, втор или трет прекршок, наспроти казната од 700 евра и одземање на возачката дозвола и регистарските таблици на 30 дена, што важеше досега. Поминување на црвено и незастанување на СТОП За поминување на црвено светло, казната останува иста како и досега, 700 евра и одземање на возачката дозвола на 60 дена, а се укинува одземањето на регистарскитре таблици на 20 дена. Казната е поголема при повторување на прекршокот, 1.000 евра за прво повторување, 2.000 евра за второ и одземање на дозволата за 180 дена, односно една година. Ако возачот не застане на СТОП знакот, казната се менува во однос на тоа дали прекршокот резултирал со предизвикување сообраќајна несреќа, нешто што не беше случај досега. И во двата случаи, претходно се казнуваше со 700 евра и одземање на возачката дозвола и регистарските таблички на 20 дена. Сега, ако не се предизвика сообраќајна несреќа, при првото прекршување, казната е 350 евра и одземање на возачката дозвола за 30 дена, а во случај да има повторување се зголемува на 1.000 и 2.000 евра и одземање на дозволата за 180 дена, односно една година. Ако возачот не застане на СТОП и предизвика сообраќајна несреќа паричната казна е 700 евра за првиот прекршок, 2.000 за вториот и 4.000 евра за третиот, а возачката дозвола се одзема на 60 дена, четири години или осум години. За возење без возачка дозвола предвидена е парична казна од 1.000 евра и затворска казна до две години, а во случај на несреќа, се применуваат одредбите од Кривичниот законик за опасно возење. Дополнително, за паркирање на место наменето за инвалиди, казната е 150 евра и ќе се отстрануваат регистарските таблици и ќе се одземе возачката дозвола на прекршителот, додека пак за велосипедистите ќе биде забрането да возат на улица. Паралелно од 1 јануари 2026 година ќе се воведе ограничувањето на брзината во зависност од населените места, а до тогаш останува границата до 50 километри на час во градовите. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаОтчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“Под слоганот „Кисела Вода, заедно секој ден“, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од нејзиниот мандат. Како што истакна таа, уште од првиот ден нејзиниот основен принцип на работа е општината да не се раководи од изолирана канцеларија, туку директно од терен, низ постојан, отворен и искрен дијалог со граѓаните. Нејзиното управување, цврсто се темели на целосна законска издржаност, апсолутна транспарентност и брзо, ефикасно решавање на проблемите кои произлегуваат директно од секојдневните потреби на жителите. Во својот отчет, градоначалничката посочи дека изминатиот период Општина Кисела Вода се зацврсти како ефикасен сервис кој испорачува реални резултати, без да маргинализира ниту една населба и населено место. Како клучни достигнувања во делот на инфраструктурата, беа посочени реализацијата на над 10 километри нов асфалт, поставувањето на 4,5 километри нова водоводна мрежа, како и изградбата на 1.200 метри атмосферска и 800 метри фекална канализација. Дополнително, на целата територија се заменети 4.900 стари светилки со ново ЛЕД осветлување. Целосно се реконструирани сообраќајниците „Ѓорѓи Димитров“, „Саса“ со сите нејзини краци во Пинтија, „Томе Арсовски“, „Жил Верн“, улиците „527“, „Герника“, „Речиште“ и дел од „Киро Фетак“. Во делот на подземната инфраструктура, изградена е нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“, додека еден од најзначајните проекти е почетокот на изградбата на новиот водовод со резервоар во населбата Каменик. Нов крак од фекалната канализација е изведен во Пинтија, во тек е изградба на фекална мрежа во Бабин Дол, додека нова атмосферска канализација е поставена на улицата „Томе Арсовски“, паралелно со капиталната реконструкција на атмосферскиот „Црн Канал“ во Драчево. Се прави темелна реконструкција на објектите на месната заедница Пинтија и месната заедница Драчево, кои се наоѓаат во завршна фаза на реализација. Особено внимание е посветено на воведувањето нови стандарди во комуналната хигиена. Системски се исчистени над 100 диви депонии од кои се собрани повеќе од 150 тони отпад, а воведено е и континуирано подигнување на кабастиот отпад директно од домовите на граѓаните. За првпат се поставени специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, основните училишта и градинките, каде веќе се собрани над 10 тони. Во однос на грижата за најмладите, Стаменкоска Трајкоска информираше дека се отворени две нови градинки, „Верверичка“ и „Ѕвездички“, додека изградбата на третата нова градинка во Расадник е во завршна фаза. Паралелно се реализира и доградба на нови училници во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Континуирано се модернизираат сите училишта, па така во ООУ „Партенија Зографски“ комплетно се реновирани тоалетите, вклучувајќи и нов тоалет за инвалидни лица и поставена е нова интернет мрежа; во ООУ „Круме Кепески“ целосно е реновирана училишната кујна и трпезарија; а во подрачното ООУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е реализирана целосна енергетска реконструкција. За поддршка на семејствата, општината обезбеди 5.500 бесплатни комплети училишни униформи за сите основци и 550 целосно опремени ранчиња за сите првачиња. На планот на спортот, како круна на заложбите се издвојува целосната обнова на култната спортска сала „Расадник“, која по децении запоставеност им е вратена на граѓаните, проект реализиран преку Министерството за спорт. Покрај ова, пуштена е во употреба и новоизградената спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, а паралелно, во соработка со Министерството за образование и наука, се гради новата сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и се врши темелна реконструкција на спортските сали во централните училишта „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“. Општина Кисела Вода покажа и силен капацитет во социјалната заштита преку исплата на 12.000 денари за секое новороденче, финансиска поддршка од 10.000 денари за возачки дозволи за матурантите, како и преку воведувањето на системски бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата во соработка со Асоцијацијата „ГАСПАР“ и Здружението „Ајнштајн“. Дополнително, грижата за граѓаните и за енергетската ефикасност се потврдува преку редовните субвенции за набавка на пелети, печки на пелети, како и субвенции за обнова на фасади. Културниот живот беше издигнат на високо ниво преку првиот детски музички фестивал „Киселко“ и домаќинството на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во двете кино сали на територија на општина Кисела Вода отворени во соработка со “Киноверзум”. Во сферата на културното наследство, при археолошките ископувања во соработка со Националниот археолошки музеј и Конзерваторскиот центар - Скопје, откриен е доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упати особена благодарност за институционалното партнерство и поддршката, нагласувајќи дека ваквиот интензивен развој бара вистинска соработка. Таа изрази искрена благодарност до Советот на Општина Кисела Вода и до претседателката Светлана Колариќ, до сите советници кои недвосмислено го поддржаа растот на општината и застанаа зад добрите проекти, како и до општинската администрација, чиј труд и секојдневна посветеност ги реализираат овие процеси. Беше истакнато дека огромен дел од овие капитални проекти се изведени благодарение на силната и безрезервна поддршка од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје. Но, пред и над сè, како што е наведено во отчетот, најголемата благодарност им припаѓа на граѓаните, бидејќи сите овие дела се директен резултат на предлозите и заедничката работа со нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банкаПаника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина. Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС. Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија. П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПред „Ламборџини“ и „Ферари“, полицијата во ОАЕ го имаше ова „Порше“ (ФОТО)Историскиот модел „Порше 924“, кој некогаш го користела полицијата во Обединетите Арапски Емирати, е реставриран.Денес, полициските возила во Обединетите Арапски Емирати се познати по своите егзотични модели – од суперавтомобили до електрични возила со високи перформанси. Сепак, традицијата на користење спортски автомобили за полициски цели започнала пред речиси половина век – со моделот „Порше 924“. Компанијата „Порше“ штотуку заврши темелна реставрација на ова историско возило, која ја изведоа експерти од центрите на „Порше“ во Абу Даби и Ал Аин. Произведен во 1979 година, овој автомобил бил првиот спортски модел во возниот парк на федералната полиција на ОАЕ. Неговата конкретна задача била да ја придружува кралицата Елизабета Втора за време на нејзината прва официјална кралска посета на тогаш новата држава. За време на реставрацијата, посебно внимание било посветено на враќање на автомобилот во неговата првобитна состојба. Полициските ознаки не биле направени со помош на налепници, туку биле исцртани рачно, исто како што биле и на оригиналното возило. Реставрираниот „Порше 924“ ќе има јавно деби на фестивалот „Икони на Порше“ (Icons of Porsche) во Дубаи, на 21 и 22 ноември. Потоа, автомобилот ќе биде изложен во музејот „Ал Макта“ во Абу Даби. Моделот што ја промени историјата на „Порше“ „Порше 924“ беше претставен во 1976 година, а првично бил развиен за „Фолксваген“ како наследник на моделот „VW-Porsche 914“. Кога „Фолксваген“ се откажа од проектот во 1974 година, „Порше“ го презеде развојот и го претвори во свој, подостапен спортски автомобил. Тоа беше првиот сериски модел на „Порше“ со мотор поставен напред и систем за водено ладење. Дволитарскиот четирицилиндричен мотор – преземен од „Ауди“ – развива 123 коњски сили. Менувачот и диференцијалот биле поставени назад, што овозможило порамномерна распределба на тежината и подобри возни карактеристики. И покрај почетните критики од традиционалните љубители на брендот, моделот 924 доживеа комерцијален успех. Понудата подоцна беше проширена со верзиите „924 Turbo, Carrera GT“ и „Carrera GTS“, а моделот исто така послужи како основа за развојот на „944“. Производството заврши во 1988 година, при што беа изработени приближно 325.000 примероци од 924 и неговите варијанти. Извор: Б92Тагови: ОАЕ Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook