3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ТехнологијаСтапи во сила Европскиот закон за чипови Полупроводниците се основните составни елементи на дигиталните и дигитализираните уреди.Денеска стапи во сила Европскиот закон за чипови, кој воспоставува сеопфатен сет на мерки чија цел е да се гарантираат безбедноста на снабдувањето, прилагодливоста и технолошкото лидерство на ЕУ во секторот на технологиите и апликациите за полупроводници. - Полупроводниците се основните составни елементи на дигиталните и дигитализираните уреди. Од паметни телефони и автомобили, преку апликации и опрема за здравството, енергијата, одбраната, комуникациите и индустриската автоматизација, полупроводниците се сржта на модерната дигитална економија, но тие, исто така, се во центарот на силните геостратешки интереси и глобалната технолошка трка, се наведува во соопштението на Европската комисија по повод стапувањето во сила на Законот. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата очекува Законот за чипови да го зголеми нивното производство во Унијата, да стимулира создавање Европски дизајниран екосистем и да го поттикне зголемувањето на иновациите. - Преку Европскиот закон за чипови, Европската Унија има за цел да ја постигне својата цел за двојно зголемување на сегашниот удел на глобалниот пазар на 20 отсто до 2030 година, се додава во соопштението. Трите основни цели на Законот се зајакнување на европското технолошко лидерство во овој сектор, поттикнување на јавните и приватните инвестиции во капацитети за производство на чипови и воспоставување на механизам за координација и следење на понудата, побарувачката и предвидување на недостиг во снабдувањето со полупроводници. Изработката на заедничката европска стратегија за секторот за производство на чипови ја најави претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во нејзиниот говор за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците во 2021 година. Лани во февруари 2022 година, Комисијата го објави предлог-текстот на Европскиот закон за чипови, кој беше усогласен меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, односно земјите членки, во април годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаКрвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM. Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“. Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер. Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат. „Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук. Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05