Стано: Сите политички актери треба да го почитуваат суверенитетот и интегритетот на БиХ - Канал 5

Стано: Сите политички актери треба да го почитуваат суверенитетот и интегритетот на БиХ

ЕУ секогаш нагласува дека мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот статус на Босна и Херцеговина.

Стано: Сите политички актери треба да го почитуваат суверенитетот и интегритетот на БиХ

Европската унија постојано ги повикува сите политички актери во Босна и Херцеговина, особено оние во Република Српска, да се воздржат од провокативна реторика и постапки што го доведуваат во прашање суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на земјата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- ЕУ секогаш нагласува дека мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот статус на Босна и Херцеговина. Секоја активност насочена против овие принципи ќе води до сериозни последици, изјави Стано на денешниот пладневен брифинг во одговор на новинарско прашања во врска со прославата на „Денот на Република Српска“ и најавите за прогласување независност на српскиот ентитет во БиХ.

Во однос на легалноста на „Денот на Република Српска“, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стано потсети дека Уставниот суд на БиХ во два наврати пресуди дека законодавството со кое се прогласува „Ден на Република Српска“ не е во согласност со Уставот на Босна и Херцеговина, додавајќи дека ЕУ инсистира на почитување на судските одлуки.

Во врска со учеството на „делегации на други земји“ на прославата на „Денот на Република Српска“, Стано истакна дека регионалната соработка и добрососедските односи се многу важни за ЕУ и за сите земји од регионот на Западниот Балкан кои сакаат да и се приклучат на Унијата.

- Тие се суштински дел од напредокот на овие земји на европскиот пат. Постапките, изјавите или гестовите кои негативно влијаат на добрососедските односи и регионалната соработка и кои водат до политички поделби треба да се избегнуваат. Очекуваме од сите наши партнери, вклучително и од Србија, да бидат посветени на европската перспектива на БиХ како единствена и суверена држава, чиј територијален интегритет, единство и суверенитет нема да се доведуваат во прашање, додаде Стано.

На прашање со какви последици можат да се соочат оние што не ги почитуваат овие принципи, Стано нагласи дека постојат можности за воведување политички, економски, финансиски или рестриктивни мерки и кога земјите членки на ЕУ ќе постигнат согласност за тоа и кога ќе решат дека „е веќе доста“, ќе може да се преземат конкретни чекори. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер