Стано: Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО - Канал 5

Стано: Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО

Бриселскиот договор е обврска, Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО, вели Стано.

Стано: Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска, по повод 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, изјави дека сите обврски од тој договор, како валиден документ, мора да се спроведат и рече дека доколку Приштина не ја формира Заедницата на српски општини, ќе се соочи со последици.

Стано, рече дека тоа е валиден документ и нагласи дека ЕУ, заедно со своите меѓународни партнери, јасно и стави до знаење на Приштина дека мора да формира ЗСО, за што вели дека е едно од „клучните и најитните прашања“ во рамките на дијалогот.

„Тоа е валиден документ. Сите договори постигнати во рамките на дијалогот со помош на ЕУ се валидни документи, тие се валидни обврски и треба да се спроведат. Ова мора да се почитува и тоа е нешто што постојано им го повторуваме на нашите партнери“, рече Стано, пренесоа белградските медиуми. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во Ирска

Даниел Кинахан, осомничен дека раководи со криминална организација и еден од најбараните луѓе во светот, се појави пред суд во Даблин откако беше екстрадиран од Дубаи. 

Еден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во Ирска

Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си.

Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето.

По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври.

Кинахан е уапсен во Обединетите Арапски Емирати уште во април и во изминатите месеци неуспешно ја оспоруваше одлуката за екстрадиција.

Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) претходно соопшти дека кланот Кинахан е одговорен за меѓународен шверц на тони дрога и огнено оружје, а групата се поврзува и со повеќе од десет убиства.

Покрај ирските власти, за Кинахан се заинтересирани и Соединетите Држави; Министерството за финансии на САД го опиша картелот „Кинахан“ како еден од најопасните во светот. Владата на САД воведе санкции против Кинахан во април 2022 година, означувајќи го него и членовите на неговото семејство како водачи на група за организиран криминал. Кинахан се спротивставуваше на екстрадицијата во својата матична земја, каде што неговиот клан беше вклучен во долготраен судир што однесе 18 животи.

Пред рочиштето во неделата беа воведени засилени безбедносни мерки, а Ирската затворска служба набави оклопно возило отпорно на куршуми и експлозии за транспорт на високоризични затвореници.

Комесарот на ирската полиција („Гарда“), Џастин Кели, изјави дека ова апсење ја покажува решеноста на полицијата да се бори против транснационалниот организиран криминал. Тој ја истакна соработката со меѓународните партнери, вклучително и со полицијата во Дубаи. Додаде дека ова ја потврдува важноста на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, правната соработка со ирското Министерство за правда, како и директната соработка меѓу полициските служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

РЕАКЦИЈА НА СДС

Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата.

Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување.

Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување.

Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот.

Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо требаало да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“

Во 2013 година,  португалскиот фудбалски стратег, трофејниот Жозе Мурињо постигнал договор да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но во последен момент се откажал и се вратил во Челзи.

Мурињо требаало да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“

Мурињо таа година го завршуваше својот ангажман во Реал Мадрид, додека легендарниот Шкот се пензионираше по 27 години на клупата на клубот од „Олд Трафорд“.

„Кога заминав од Реал Мадрид, се договорив да одам во Манчестер Јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, откри Мурињо во документарниот филм за неговата кариера, чија премиера е закажана за вторник, 11 август.

Неговите зборови ги потврди и Фергусон, кој лично разговарал со Португалецот и му ја понудил работата.

„Да, му беше понудена работата. Седнав со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати, но само неколку часа подоцна се предомисли“, изјави Фергусон.

Тренерот со најмногу трофеи во историјата на Манчестер Јунајтед исто така откри како изгледал емотивниот разговор во кој Мурињо му ја соопштил конечната одлука.

„Една вечер ми се јави и плачеше. Рече: 'Алекс, не можам. Му дадов збор на Челзи и не можам да го погазим'. Можам да ја разберам причината што ја наведе, но ме разочара.“

Мурињо призна дека не му било лесно да се откаже од можноста директно да го наследи еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот.

„За мене, загубата на можноста да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматична. Сепак, не зажалив, бидејќи одлуката ја донесов со срцето“, изјави Португалецот.

Јунајтед го ангажираше Дејвид Мојс по заминувањето на Фергусон, додека Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“.

Подоцна, Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“, каде што го предводеше Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година.

Со „Црвените ѓаволи“ ги освои Лига-купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа, па затоа се смета за еден од најуспешните тренери на Јунајтед во ерата по Фергусон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер