3Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
БалканСтано: Не можеме да коментираме за поединечно гласање на државите за резолуцијата за Сребреница„ЕУ не е членка на ОН, не можеме да коментираме за поединечното гласање на државите за резолуцијата за Сребреница“.Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано изјави дека ЕУ не е членка на Обединетите нации, поради што не може да го коментира поединечното гласање на земјите-членки на ОН за резолуцијата за геноцидот во Сребреница. „Значи, не е наше да ги коментираме резолуциите што таму беа изгласани од земјите-членки на ОН. Кога станува збор за резолуцијата за Сребреница, тоа беше резолуција, колку што разбрав, за назначувањето на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“, рече тој. Стано нагласи дека ставот на ЕУ за геноцидот во Сребреница е „многу јасен и повторен многу пати“ и дека е содржан во релевантните заклучоци на Европскиот совет. „ЕУ е многу јасна во врска со тоа дека секоја година отфрламе какво било негирање или релативизирање на она што се случи во Сребреница. Отфрламе и осудуваме секаков вид на фрлање сомнеж на фактот дека се случи геноцид во Сребреница“, рече Стано. Според него, тоа е факт утврден од меѓународните судови и ЕУ и „не ги прифаќа сите активности насочени кон омаловажување, релативизирање или негирање“ на тој геноцид. Унгарија беше единствената членка на ЕУ која вчера на Генералното собрание на ОН гласаше против резолуцијата за Сребреница, додека Словачка и Грција беа воздржани од гласање. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПромотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењетоПреку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година. Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот. Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации. Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата ИЈЗТагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаГаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и СловачкаПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји. Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка. Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook