Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
РакометСтаниќ: Уште нема ништо конкретно со ВардарСрпскиот ракометен голман Дарко Станиќ потврди дека имал разговори со првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, но дека засега нема ништо конкретно околу неговиот ангажман во редовите на европскиот и македонски шампион.Дарко Станиќ беше виден неколкупати во Скопје, а тој вели дека секогаш со задоволство го посетува главниот град на Македонија. - Во последните два месеци бев во Скопје петпати, но сето тоа беше од приватни причини. Се видов и со Сергеј Самсоненко. Разговаравме на многу теми и на приватен и на професионален план. Падна разговор и на тема Вардар. И тој и јас имаме многу идеи што и како би требало да биде. Меѓутоа сето тоа беше само разговор. Немам ништо потпишано, вели Станиќ во интервјуто за „24 ракомет“. Станиќ во моментов е без ангажман, откако ракометот во Катар влезе во проблеми. - Проблемите во коишто е Катар и спортот во оваа земја придонесоа да ја завршам соработката со Ел Џаиш. При крај сум со кариерата и не сакам на сила да одам некаде. Професионалниот живот со ракометот остава простор од едвај еден месец во годината, па сега малку се посветив на ова. Тоа не значи дека доколку се појави добра понуда нема да можам за неколку дена да влезам во тренажен процес, вели српскиот голман, кој како член на Металург ги собра симпатиите на македонските навивачи. Откако беше потврдено дека Арпад Штербик по завршувањето на тековната сезона ќе замине од Вардар, се почести се шпекулациите за враќање на Станиќ во Македонија и тоа во редовите на Вардар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови. „Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил. Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook