Станале милијардери, а немаат завршено ни средно училиште...(фото) - Канал 5

Станале милијардери, а немаат завршено ни средно училиште...(фото)

Според многумина, училиштето е клуч за успехот. Но луѓето од нашата листа успеале да се збогатат и да станат светски милијардери , без да завршат средно училиште.....

Станале милијардери, а немаат завршено ни средно училиште...(фото)
Ова е листата на светските богаташи за кои високото образование и дипломата не се заслужни за нивниот успех. Не само што немаат завршено факултет, тие немаат завршено ниту средно училиште, а сепак станале успешни бизнисмени и милијардери.

1. Џон Д. Рокфелер



Убедливо најбогатиот Американец на сите времиња, индустријалецот, нафтениот магнат и филантропот Џон Д. Рокфелер (1839-1937) основачот на компанијата „Standard Oil” го напуштил средното училиште на 16 години. Тогаш се вработил како помошник сметководител.

Човекот чие име стана заштитен знак за милијардер, се збогатил со вложување во нафтената индустрија во 1863 година, додека таа се уште не се чинела посебно профитабилна.

До 1880 година неговата компанија „Standard Oil” веќе контролирала 90 отсто од американското производство на нафта.

Кога умрел, богатството му било проценето на 1.5 милијарди долари што тогаш било 2 отсто од американскиот БДП. Денеска тоа би изнесувало 341 милијарда долари.

Последните 40 години од животот, Џон Д. Рокфелер ги поминал во пензија и основал фондации кои оставиле голем траг во развојот на медицината, едукацијата и научните истражувања.

2. Хенри Форд



Син на ирски мигрант, Хенри Форд (1863-1947) уште како дете бил страстен механичар. Со само 15 години Форд ги поправал часовниците на своите пријатели и соседите и се стекнал со репутација на поправач на часовници. На 16 години ја напуштил семејната фарма и се преселил во Детроит. Таму прво бил помошник во продавница за машини, а потоа станал и главен инженер во фабриката на Едисон.

Набрзо потоа почнал да експериментира со бензинските мотори и ја основал компанијата „Ford Motor Company”. После претставувањето на „Моделот Т“ успехот му бил загарантиран. Прв го започнал сериското производство на автомобили и го направил првиот автомобил кој и обичните американци можеле да си го дозволат.

Во 1947 година, Хенри Форд имал богатство вредно 199 милијарди долари (пресметано во денешна вредност) а неговото семејство и ден денес е сопственик на компанијата која ја основал.

3. Аманцио Ортега



Сопственикот на модниот бренд „Zara”, Шпанецот Аманцио Ортего, училиштето го напуштил на 14 години, за да може да заработува и да им помогне на своите сиромашни родители кои освен него имале уште три деца. Првата работа ја нашол во локалната кројачница „Гала“.

Најбогатиот Европеец е “тежок“ 74 милијарди долари.


4. Кирк Керкоријан



Синот на американски мигрант умре минатата година на 98 години. Училиштето го напушти во осмо одделение за да стане аматерски боксер. Дури и во тоа бил успешен. Учествувал во Втората светска војна како воен пилот. Еден од луѓето кои го создадоа Лас Вегас.

Бил сопственик на некои од најпознатите казина и хотели во Лас Вегас. Во еден момент посетувал половина од познатата улица „Las Vegas Strip”.

Вложувал многу и во филмската индустрија. Парите ги инвестирал и во авионската и автомобилската индустрија. На крајот од животот на банковната сметка имал 4 милијарди долари.

5. Франсоа Пино




Сопственикот на „Samsonite”, „Пума”, „Gucci”, аукциската куќа „Christie’s”, Французинот Франсоа Пино (79) го напуштил приватното училиште уште на 11 години бидејќи децата го исмевале поради неговтоо скромно потекло.

Почнал да работи во семејната пилана. Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари, а денес со неговите бизниси раководи неговиот син Франсоа-Анри Пино, инаку маж на Селма Хајек.

6. Дејвид Х. Мердок



Го напуштил училиштето на 15 години и се вработил на бензинска пумпа, каде работел се додека не добил повик за војска во 1943 година.

По неговото враќање од војна Дејвид Х. Мердок (85) отвора ресторан за самопослужување во Детроит, но од тој бизнис излегува само со 700 долари во џеб. Се префрлува на производство на зеленчук и овошје и станува најголемиот производител на зеленчук и овошје на светот. Моментално “тежи“ 3 милијарди долари.

7. Ричард Бренсон



Овој британски магнат и претседател на управата на моќната меѓународна компанија „Virgin” која поседува повеќе од 500 компании, се борел со дислексијата и училиштето го напуштил на 16 години.

-Кога бев млад, овој проблем не беше доволно истражен често го поврзуваа со мрзеливост или слаби способности. Во училиштето сметаат дека сум бавен и навистина имав потешкотии со наставните предмети. Затоа својата енергија ја пренасочив на спорт, но после повредата се впуштив во бизнисот – изјави Ричард Бренсон (65).

Сега има 5 милијарди долари.

8. Карл Линднер Џуниор



Во текот на Големата депресија во САД,, Линдер се откажал од школувањето на 14 години за да им помогне на своите родители кои воделе мала млекарница. Работел како доставувач.

За само неколку години, заедно со своите двајца браќа, направил ланец од мали продавници кои станале генератор за развојот на големата мултинационална компанија „Chiquita brands”. Починал во 2011 година на 92 години. На неговото семејство му оставил богатство од 2.3 милијарди долари.

9. Џои Луис



Шестиот најбогат човек во Британија Џои Луис (79) го напуштил училиштето на само 15 години за да му помогне на својот татко кој водел фирма за кетеринг. Славата и богатството го стекнал тргувајќи со валути.

Главнen инвеститор е во „Tavistock Group” и сопственик на Тотенхем. Освен тоа, има голем број на фирми во негова сопственост и 135 ресторани ширум светот, а има и богата збирка на уметнички дела вредна милијарда долари. Богатството му се проценува на 5.3 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 16. до 23. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика.

Кариера

На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете.

Здравје и совет

Почнете да одите во теретана.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите.

Кариера

Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации.

Кариера

Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано.

Здравје и совет

Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат.

Кариера

Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите.

Здравје и совет

Немојте да се надмудрувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред.

Кариера

Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации.

Здравје и совет

Со хумор победете ги грижите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат.

Кариера

Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент.

Здравје и совет

Бидете она што сте и следете си го својот сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Верувајте му на своето шесто чуло.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале.

Здравје и совет

Ќе се релаксирате во топла купка.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами.

Кариера

Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока.

Здравје и совет

Ќе добиете добар совет од пријателите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг.

Кариера

На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат.

Здравје и совет

Обновете го своето старо хоби.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте.

Кариера

Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството.

Кариера

Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер