Станал од мртвите – рибиното масло му го спасило животот!?

„Си одиме дома! Ве сакам!“ Тоа биле првите зборови на 17-годишниот Грант Виргин откако се разбудил од повеќенеделна кома. Родителите здивнале, експерименталната терапија успеала.

Драмата на семејството од Калифорнија започнала во летото 2012 година, кога Грант, кој тогаш бил 15-годишни момче, го удрил автомобил. Добил сериозни повреди на главата и паднал во кома.

Лекарите констатирале дека нема да ја преживее ноќта. Но, за чудо, ја преживеал, со многу оштетен мозок.

По извесно време, се разбудил од комата, но не прозборел.

- Лекарите му кажаа дека можеби нема да не препознае и дека не ќе може да го фокусира погледот на една точка – кажала мајката на Грант.

Родителите почнале да молат за уште едно чудо. Еден пријател им предложил терапија со рибино масло. Во почетокот имало напредок, но бавен.

Ја зголемиле дозата на рибиното масло и чудото почнало да се случува. По само два дена интензивна терапија, мајката среде ноќ ја разбудил телефонски повик.

- Тоа беше тој. Разговараше со мене сосема неповрзано. По разговорот едвај заспав, а утрото се прашував дали разговорот навистина се случил или тоа било само сон – раскажала мајката.

По два месеци, Грант бил отпуштен од болницата. Сега му се враќа на нормалниот живот и планира наскоро да се врати во училиште. Лекарите имаат објаснување.

- Ако за ѕид од тули има дупки, логично е тие да се пополнат со други тули. Истото важи и за мозокот. Омега-3 киселините имаат клучна улога во развојот на мозокот. Тие овозможија мозокот на Грант да заздрави на толку чудесен начин – изјавил лекарот Мајкл Левис. /Извор: ibtimes.com/

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер