Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме - Канал 5

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалничка за општина „Кисела Вода“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања,се обрати .

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалничка за општина „Кисела Вода“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во изминатите четири години во Кисела Вода се работи за народот а не за личните интереси.

„Промените се гледаат и сите ние ги чувствуваме, затоа што изминатите 4 години во Кисела Вода се работеше за народот, а не за личните интереси, Кисела Вода станува општина каде што се живее убаво не само во урбаните места, туку во секое маало, во секој дом, Можеме уште, знаеме како и решени сме да продолжиме. Затоа заедно, со поддршка од владата и премиерот Мицкоски, со идниот градоначалник на Град Скопје Орце, да продолжиме да ја градиме Кисела Вода“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска исто така наброи дел од проектите на изборната програма.

„Реконструкција на месните заедници во Драчево и Пинтија, во Припор- канализација Бабин Дол, осветлување на патот кон манастирот Пеленица, подземна инфраструктура, пешачко-велосипедска патека- обиколка на Кисела Вода, спортска сала во подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ и во Кузман Шапкарев, доградба на основното училиште ,,Невена Георгиева – Дуња“, пробивање и целосна реконструкција на земјениот пат на делницата од мостот на Маркова Река до патот за Лисиче кај фабриката Охис, нов алтернативен пат за побрза комуникација со центарот на градот. Реконструкција на улиците во Бирарија, Пинтија, село Драчево, улиците во централниот дел на општината“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска исто така потенцираше дека општината ќе продолжи да инвестира во образованието, поддршката и развој на спортот, пензионерите и поддршка на традиционалните културни настани.

„Не запираме тука, заедно ќе продолжиме да инвестираме во образованието и во младите во општината, со уредување на подните површини и уредување на училишните дворови, секако и во градинките. Продолжуваме со поддршка и развој на спортот за општина со здрави навики, да го зголемуваме бројот на наградени спортисти што се дел од општина Кисела Вода. Со поддршка на традиционалните културни настани, дополнително ќе ја збогатиме програмата со нови фестивали КИСЕЛКО- за најмладите и БИРА ФЕСТ во Бирарија каде се наоѓала првата пивска фабрика во регионот. Има уште многу нови проекти за Кисела Вода, за сите нас, за твоето место, за твојата иднина , продолжуваме да ги поддржуваме пензионерите со најниски примања, со реконструкција на пензионерските клубови да создаваме можности за нивно дружење и активно вклучување во заедницата. Зошто пензионерите ни се битна поддршка, зошто само сите генерации заедно како тим можеме да успееме“ посочи Стаменкоска Трајкоска.

На крајот Стаменкоска Трајкоска повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9.

„Направете го вистинскиот избор, за Кисела Вода каква што сите ја посакуваме. Со заокружување на бројот 9, започнатите промени да продолжат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер