Стаменкоска Трајкоска: Инвестираме во сите витални сфери на Кисела Вода со капитални проекти за поквалитетно секојдневие на граѓаните - Канал 5

Стаменкоска Трајкоска: Инвестираме во сите витални сфери на Кисела Вода со капитални проекти за поквалитетно секојдневие на граѓаните

Општина Кисела Вода е општина во која никој не е заборавен.

Стаменкоска Трајкоска: Инвестираме во сите витални сфери на Кисела Вода со капитални проекти за поквалитетно секојдневие на граѓаните

Во моментот кога ја добив довербата да бидам градоначалник на Општина Кисела Вода, знаев дека со интензивно темпо на работење и секојдневна посветеност на терен, ќе успееме да го промениме ликот на нашите населби, инвестирајќи во сите витални сфери – од инфраструктурата и животната средина, па сè до образованието, социјалната заштита, спортот и културата.

Во изминатиот период започнавме и реализиравме сериозни инфраструктурни проекти, со што ја докажавме визијата за модерна, функционална и хумана Кисела Вода.

Во Бирарија изградивме атмосферска канализација и нов асфалт, а целосно ја реконструиравме и улицата „Томе Арсовски“.

Работевме на фекалната канализација во Бабин Дол – Припор, ја реконструиравме улицата „Речиште“ во Драчево, улицата „Киро Фетак“, „Жил Верн“, „Ѓорѓи Димитров“, „527“ и други локални сообраќајници, а го решаваме и проблемот со паркирањето на улицата „Пушкинова“ и уште три други локации.

Но, инфраструктура не се само улиците - инфраструктура е и квалитетот на живот.

Затоа, посебно сум горда што завршивме еден капитален проект кој со години ни беше потребен – целосна реконструкција на коритото на реката Мала Рада, каде што вложивме 57.000.000 денари

Тоа значи поголема безбедност, подобра комунална инфраструктура и поуредна средина за граѓаните.

Истовремено, Кисела Вода добива нови јавни простори.

Го уредуваме просторот околу Расадник, изградивме нов сквер пред спортската сала, инвестираме во детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, каде што вложивме 120.000.000 денари

Во 11 Октомври – Бараки создадовме нова спортска зона со калистеник парк и одбојка на песок, затоа што сакам Кисела Вода да биде општина во која децата квалитетно растат и се развиваат, спортуваат, се дружат и создаваат спомени.

За мене, нема поголема инвестиција од инвестицијата во нашите деца.

Затоа ги обновуваме и модернизираме училиштата.

Во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ се доградуваат нови училници и санитарни јазли, а училиштето доби и современа ИТ опрема.

„Партенија Зографски“ доби целосно реконструирани санитарни јазли, ново осветлување и интернет мрежа, обезбедивме современ мебел и ИТ опрема, а дворот е збогатен со над 150 садници.

Во „Круме Кепески“ ја реновиравме спортската сала, каде што овој капитален проект е реализиран преку успешната соработка меѓу локалната самоуправа и централната власт, односно од средствата на Владата на Република Македонија преку унгарскиот кредит. Станува збор за инвестиција од речиси 20.000.000 денари, соблекувалните и трпезаријата, отворивме ресурсна соба и започнуваме процес за доградба на шест нови училници. Во употреба ја пуштивме и новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор.

А при крај е изградбата на новата спортска сала и подобрување на електричната инсталација во „Кузман Јосифовски – Питу“.

За ООУ „Рајко Жинзифов“ и Кирил Пејчиновиќ“ набавивме компјутери, принтери, телевизори и ги реновиравме училниците, изградивме и нови училници со цел започнување на едносменска настава.

Инвестицијата во децата ја покажавме и со конкретна поддршка за семејствата.

Сите 530 првачиња добија бесплатни ранци и училишен прибор, а за сите 5.500 основци во Кисела Вода обезбедивме бесплатни училишни униформи.

Тоа значи еднакви услови за сите деца.

И тоа е политиката во која верувам - Кога зборуваме за еднакви можности, мислиме на сите.

Затоа организиравме бесплатни спортско-едукативни кампови, бесплатна полуматурска забава за 560 ученици, ги наградивме првенците на генерацијата и обезбедивме бесплатен летувалишен престој за деца.

Посветено работевме и во социјалната и во здравствената сфера.

Работевме на инклузијата и отворивме бесплатни простории за логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара, организиравме активности со децата со церебрална парализа, а поддршка добија и дечињата од специјалните училишта.

Со Црвениот крст работевме на продолжување на услугата „Итно копче“, посетувавме граѓани во нивните домови и организиравме превентивни здравствени прегледи.

Им помагавме на семејства на кои помошта им е најпотребна.

Доставивме хуманитарни пакети, обезбедивме поддршка за деца без родители и организиравме активности за најранливите категории.

Општина Кисела Вода е општина во која никој не е заборавен.

Паралелно со инфраструктурата, ја менуваме и грижата за животната средина.

Во само седум недели беа собрани повеќе од 80 тони кабаст отпад.

Поставивме 30 контејнери за текстилен отпад, организиравме акции за чистење и пошумување, започнавме со уредување на зелените површини и воведовме компостирање на органски отпад во училиштата.

Во ООУ „Рајко Жинзифов“ поставивме компостер за селекција на органски отпад и ја подигнуваме свеста кај најмладите дека грижата за животната средина започнува од најрана возраст.

Започнавме и со следење на енергетската заштеда од фотоволтаиците во училиштата, затоа што сакаме да оставиме подобра Кисела Вода за генерациите што доаѓаат.

Општината треба да биде место каде што се живее убаво.

Затоа културата и спортот ги носиме поблиску до граѓаните.

Го организиравме Божиќниот театарски фестивал, отворивме кино и во Драчево – „Киноверзум“, организиравме детски претстави, спортски турнири, цветно дефиле, првиот детски музички фестивал “Киселко” и низа културни и спортски настани.

Во исто време, создадовме нови партнерства и ја отворивме општината кон меѓународната соработка.

Соработувавме со амбасадите и меѓународни партнери, со образовни и стопански организации, организиравме Саем на франкофонските држави и воспоставувавме нови можности за нашите граѓани и институции.

Модерна општина не смее да биде затворена, за мене дел од работата е секојдневниот контакт со луѓето, затоа имаме приемни денови за граѓаните, организираме средби со жителите на месните заедници и присутни сме со една заедничка цел, граѓанинот да знае дека општината е тука за него.

Почитувани,

За мене, најважниот дел од работата е контактот со луѓето.

Приемните денови, посетите во домовите, соработката со Црвениот крст, услугата „Итно копче“, превентивните здравствени акции, помошта за семејствата кои имаат потреба – сето тоа има една заедничка цел: граѓанинот да знае дека Општината е тука за него.

И затоа денес, по овој период на работа, можам со чиста совест да кажам:

Нашата работа ја мериме по бројот на реконструирани улици.

По километрите изградена инфраструктура.

По обновените училишта.

По децата што добиле подобри услови.

По парковите и спортските терени што сме ги создале и уредиле.

По секој човек кој дошол во Општината со проблем и си заминал со решение.

Почитувани,

Ова е само почеток на една поинаква Кисела Вода.

Кисела Вода која се гради.

Кисела Вода која се модернизира.

Кисела Вода која се грижи.

Модерна општина бара партнери, идеи и можности.

И Кисела Вода која покажува дека кога локалната власт работи чесно, одговорно и секојдневно – резултатите не мора да се објаснуваат. Тие се гледаат.

Зад секој проект стои човек.

Зад секоја реконструирана улица стои семејство кое живее полесно.

Зад секое обновено училиште стои дете кое добива подобри услови.

Зад секое игралиште стои детска насмевка.

Зад секоја социјална мерка стои човек кој почувствувал дека не е сам.

И затоа мојот најголем резултат не е еден проект.

Мојот најголем резултат е што Кисела Вода се движи напред.

Денес имаме повеќе инфраструктура, повеќе инвестиции, подобри услови за образование, повеќе спорт, повеќе грижа за најранливите и повеќе ред во јавниот простор.

И знам дека има уште многу работа.

Знам дека има улици што треба да се реконструираат, проблеми што треба да се решат и проекти што допрва треба да ги реализираме.

Но, токму затоа велам:

Ова е доказ дека знаеме како.

Кога има работа – има резултат.

Кога има визија – има развој.

Кога има одговорност – има доверба.

И затоа нема да застанеме.

Продолжуваме да градиме улици, училишта, спортски терени и паркови.

Продолжуваме да инвестираме во нашите деца.

Продолжуваме да се грижиме за секој човек.

Продолжуваме да ја правиме Кисела Вода поубаво, почисто, побезбедно и подобро место за живеење.

Кисела Вода не стои во место.

Кисела Вода оди напред – со работа, со резултати и со луѓето на прво место.

YouTube video

Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалник на општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер