Стабилна епидемиолошката состојба во Куманово, дневно се прават 60-тина тестови за Ковид-19 - Канал 5

Стабилна епидемиолошката состојба во Куманово, дневно се прават 60-тина тестови за Ковид-19

 Стабилна е епидемиолошката состојба со Ковид 19 во Куманово, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје. Дневно, како што посочија, се прават околу 60-тина тестови.

Стабилна епидемиолошката состојба во Куманово, дневно се прават 60-тина тестови за Ковид-19

– Главно се тестираат македонски државјани, преку „Мој термин“, тестираме пациенти и за општата болница. Засега состојбата е стабилна. Апелираме да се почитуваат препораките. Граѓаните во екот на забави, прослави малку подзаборавија на мерките. Добро е повозрасните, хроничните болни да држат дистанца и во турканици и во затворени простории да носат маски, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Ариф Љатифи.

Лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово дневно може да направи и до 400 тестови.

Според податоците на Министерството за здравство, во Куманово заедно со соседните Старо Нагоричане и Липково, активни во моментов се околу 200 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сејдини излегува од притвор: Гаранција од 1,15 милиони евра за да се брани од слобода

По три месеци поминати во притвор, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода.

Сејдини излегува од притвор: Гаранција од 1,15 милиони евра за да се брани од слобода

По три месеци поминати во притвор, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода. Скопскиот кривичен суд ја прифатил гаранцијата во вредност од над 1.150.000 евра, обезбедена со хипотека на недвижен имот, по што му е укинат притворот. Одлуката е донесена откако обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата. Истовремено, одземена му е патната исправа и му се определени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката.

-По поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција и добиено позитивно мислење од Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода,- -Основен Кривичен суд Скопје.

Сејдини беше уапсен на 23 април годинава во истрага што ја води скопското обвинителство. Во првиот предмет е осомничен за проневера на околу 700 илјади евра средства од УЕФА, наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Во овој слуачј тој е осомничен за проневера во службата.

Во меѓувреме, истрагата беше проширена и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во новиот предмет се опфатени 18 физички и 8 правни лица, меѓу кои и Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и други лица.

Според обвинителството, преку стотици фиктивни исплати и договори била предизвикана штета од над 180 милиони денари, односно речиси три милиони евра. Осомничените се товарат за проневера во службата и перење пари.

Иако при отворањето на истрагата петмина осомничени беа недостапни за органите на прогонот, Обвинителството во меѓувреме ги обезбеди сите лица опфатени со постапката, која се води против 18 физички и 8 правни лица. Од ОЈО ГОКК велат дека истрагата за овој случај е се уште во тек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада,  бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната.

Мисајловски порача дека Министерството заедно со Генералштабот континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во касарните и посочи дека со реконструкцијата се обезбедуваат услови за соодветно сместување и складирање на новонабавената опрема и возила, хаубиците, Страјкерите и лесните оклопни возила (JLTV), како и за останатата артилериска опрема.

„Оваа инвестиција е од 10.5 милиони денари, но значи многу, бидејќи на овој начин опремата ќе биде целосно заштитена. Како што можете да видите, целосна нова челична конструкција, а направена е нова електрика, заштитен објект, целосно под видео надзор со хидрантска мрежа“, рече Мисајловски и додаде дека во моментов се работи на различни проекти низ касарните во државава во висина од над 850.000 евра.

Мисајловски од прилепската касарна уште еднаш потенцира дека инвестициите во одбраната се инвестиции од македонските граѓани за македонската Армија, која е секогаш подготвена да им помогне на своите сограѓани и во служба на државата.

Во рамки на денешната работна посета на касарната, министерот го посети и Одделението за одбрана на Министерството во Прилеп.

Министерство за одбрана

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија.

Владата бара решение за проблемот со Бугарија и откочување на европските интеграции

Постои позитивен имплус за изнаоѓање механизам за деблокада на евроинтеграциите и земјава континуирано преговара и со европските претставници и со официјална Софија, но конкретно решение засега нема, посочи шефот на дипломатијата Муцунски. Вели разговорите ќе продолжат и натаму и уште еднаш потенцираше дека Македонија нема да остапи од националните интереси – јазикот и идентитетот, а на сите досегашни средби се укажувало и на ризикот од билатерализација на процесот.

„Содржината на тие разговори и деталите не ги претставуваме поединечно пред јавноста, бидејќи тогаш би воделе преговори и разговори пред јавноста и тоа не би донело до никакво решение. Сум кажал дека ние немаме алтернатива освен да бараме решение, но тоа што ја уверувам македонската јавност е дека било кое решение ќе биде во рамките на принципите и постулатите коишто владата јавно ги има кажано. А дали работиме за решение, секако дека работиме и не сме престанале да работиме за изнаоѓање на праведливо и одржливо решение во изминатите две години“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Ставот на Муцунски е дека протоколите потпишани со Бугарија не се дел од преговарачката рамка и дека во неа нема експлицитна одредба која се однесува на моментот на влегување во сила на уставните измени. Не прецизираше дали како опција на маса во разговорите повторно се и уставни измени со одложено дејство. Македонија вели ќе продолжи да инсисистира и на целосно и доследно спроведување на пресудите од Стразбур за непочитување на правата на Македонците во Бугарија.

„Согласно моето толкување како министер и како правник протоколите не се дел од преговарачката рамка. Преговарачката рамка нема ниту експлицитна, ниту имплицитна одредба според која влегувањето во сила на уставните измени претставува некаква одредница за одблокирање на преговарачкиот процес. “– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Во однос на евентуални можи закани од Иран поради поддршката која земјава ја дава на воените акции на САД во Заливот, Муцунски вели дека такви закани во моментот нема, а во случај да има безбедносните институции и НАТО ќе ги превенираат истите. Иран пред некој ден упати директно предупредување до Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер