Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување - Канал 5

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. 

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани, од кои 115 пациенти се на лекување надвор од државата.

- Освен еден пациент кој се лекува во Турција, другите се во сериозна, но стабилна состојба, информираше вчера на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

На домашно лекување вчера беа пуштени десет од пациентите што лежат на клиниките низ државава, а завчера од болница биле пуштени тројца пациенти. Со ова на Клинички центар на лекување се 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ 12, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент. Во однос на исписите - еден пациент од Штип, има еден испис од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваа девет пациенти, од нив пет вчера се испишани.

Во однос на оние пациенти кои се на лекување надвор од државата, во Србија се 30, од кои веќе двајца се екстубирани. Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара шест пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул.

Во Шпанија се лекуваат седум пациенти, во Австрија пет, во Унгарија шест пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба. Во Хрватска се пет пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно четири пациенти, од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се четири пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи е во подобра состојба. Во Белгија четири пациенти, од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија четири пациенти кои се веќе станати. Во Шведска се четворица пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот интубиран.

Таравари најави дека е можно идната недела да се зборува и за протоколи за враќање на овие пациенти.

-Имаме најави од одредени држави каде пациентите се во добра состојба, со цел да подготвиме протоколи како ќе биде нивното враќање, дали ќе треба да се сместуваат откако ќе бидат прегледани од наши доктори. Тие што се во добра состојба после прегледот од доктор може да се пуштат и да одат дома, рече тој.

Според него, следната фаза се можните инфекции кај овие пациенти и затоа треба да се превенира максимално за да не настанат компликации.

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациенти, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба.

Црвениот крст на Македонија информираше дека сосега се собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства.

Лекувањето се обезбедува од страна на државата

Портпаролката на Владата Марија Митева и вчера повтори дека на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Посочи дека и во делот на транспортот и сместувањето на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство е одговорност на Владата, која ќе биде реализирана. Во делот на транспортот и сместувањето, Митева рече дека се згрижени 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство.

-Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која сметака на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролката на Владата.

Во однос на финансиска поддршка во висина од 150.000 денари за секое семејство Митева посочи дека моментално се врши проценка и организација на состојбата.

-Во овој момент знам дека активно се вклучени сите служби за што побрзо да се направи организацијата и проценката за како најдобро да бидат заштитени семејствата и да стигнат средствата до семејствата. На секои три часа имаме редовен контакт со семјствата во странство се со цел да видиме дали има нови несакани состојби, во постојана комуникација и координација сме замолуваме да се следат официјалните информации, истакна таа.

Обезбедена психолошка поддршка за учениците, позасилена во неколку засегнати општини

Министерството за образование и наука, во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбедиле посилна психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде особено изразена во неколку засегнати општини, од каде млади, во несреќата загубија браќа, сестри, другари и соученици.

Министерката Весна Јаневска рече дека е формирана мрежа на 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ќе бидат насочени кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново Облешево и околните места.

Во моментов 32 психолози веќе обезбедуваа директна поддршка на терен. Работеле со учениците, но и со семејствата кои изгубија деца во несреќата. Активни биле и во текот на вчерашниот ден.

Обдукцијата на настраданите завршена за кратко време, кај сите констатирана насилна смрт од задушување

Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема.

- Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид, рече вчера раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот за судска медицина, но се во надлежност на Обвинителството и тоа ќе одлучи што ќе се случува со нив зашто може да бидат земени понатаму во некоја судска постапка.

-Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење, најави Станков.

Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи.

ДПИ одлучи да одземе лиценци на 13 угостителски објекти, а Министерството за транспорт на 97 лиценци согласно Законот за градење

По информацијата дека дискотеката „Пулс“ имала фалсификуваа лиценца, на терен се проверува состојбата, а Државниот пазарен инспекторат при вчерашните извршени 82 контроли, констатирал дека објекти биле 23 со лиценца, а 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови. На овие правни лица ќе им биде одземена лиценцата и ќе имаат забрана за вршење на дејноста. За пет правни лица регистрирани како кабаре диско и кои се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност. Кај останатите 41 кафич, клуб кај 30 од нив се констатирани неправилносто по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и две затворања за пречекорување на работно време.

Како што соопшти вчера, министерот за транспорт Александар Николоски, од издадени над 1.100 лиценци, ова Министерство досега извршило контрола на 643 лиценци согласно Законот за градење и урбанистичко планирање. Кај 97 лиценци е констатирано дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците.

И Управата за финансиска полиција вчера соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности.

Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова, се додава во соопштението, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите.

Во пожар во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да прифати луксузен авион „Боинг 747-8“ како подарок од Катар за време на своето патување на Блискиот Исток оваа недела, а американски претставници тврдат дека авионот може да се преуреди како претседателски авион.

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

„Фактот дека Министерството за одбрана добива БЕСПЛАТЕН ПОДАРОК - авион 747, кој ќе го замени привремено 40-годишниот „Ер Форс 1“, во рамки на многу јавна и транспарентна зделка, ги вознемирува корумпираните демократи кои бараат да го платиме скапо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Според „Еј-Би-Си Њуз“ авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ѕидови, позлатен мебел, спална соба, салони, конференциски простории, мермерни бањи и големо скалиште. Според извори на медиумот, Трамп го разгледал авионот во февруари на аеродромот во Вест Палм Бич и лично го одобрил. Пред крајот на неговиот мандат, наводно, авионот треба да биде предаден на фондацијата на претседателската библиотека на Трамп.

Американскиот Устав забранува федералните функционери да примаат лични подароци од странски државници без согласност од Конгресот. Подароците со вредност над 480 долари се сметаат за сопственост на американскиот народ, а функционерите можат да ги задржат само ако ги откупат по пазарна цена, според податоците од Претседателската библиотека и музеј Роналд Реган.

Трамп ќе престојува во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати од утре до четврток.

Моментално се користат два авиона „Ер Форс 1“, преуредени „Боинг 747-200В“, во служба од 90-тите години. Тие се специјално опремени за претседателските потреби и имаат современи комуникациски системи и противракетна заштита, со можност за полнење гориво во воздух.

Мојсоска Блажески: Корупцијата се уште најголем проблем

Нулта толеранција на корупцијата, пет отсто економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација, е визијата на Македонија 2025 за домашната економија.

Мојсоска Блажески: Корупцијата се уште најголем проблем

Како што рече извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на Самитот што се одржува во Скопје, корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава и се уште нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места.

-Има прогрес во Македонија, но другите растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придинесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус, истакна Мојсоска Блажески.

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година.

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

- Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое живее во Русија. Некои од сторителите веќе се приведени, а по другите идентификувани се уште се трага, објави Туск на Икс.

Полските служби соопштија дека соработуваат и со Литванија, каде што некои од сторителите извршиле и саботажи.

Литванските обвинители во март ја обвинија руската воена разузнавачка служба за палењето на продавницата на ИКЕА во Вилнус, три дена пред пожарот во трговскиот центар во соседна Полска.

Русија негира вмешаност во пожарите.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Полска уапси и осуди неколку лица осомничени за саботажи, напади и подметнување пожари организирани од руските разузнавачки служби. Полска во мај 2024 година воведе ограничувања за патување на руските дипломати, обвинувајќи ја Москва за хибридна војна. Пет месеци подоцна, Варшава нареди затворање на Конзулатот во Русија во Познањ поради наводни обиди за саботажа организирани од Москва.

Во декември Полска соопшти дека е подготвена да ги затвори сите руски конзулати во доколку продолжат „терористичките акти“.

Русија во јануари возврати со затворање на Конзулатот на Полска во Санкт Петербург.

Полска, која граничи со Украина и е членка на НАТО и на ЕУ, е една од главните земји преку кои западните земји испраќаат оружје и муниција во Киев за да му помогнат во борбата против руската инвазија. /МИА

притисни ентер