ССМ утре со блокада пред Стопанска комора, Организација на работодавачи и Бизнис-конфедерација - Канал 5

ССМ утре со блокада пред Стопанска комора, Организација на работодавачи и Бизнис-конфедерација

Сојузот на синдикати на Македонија утре точно напладне со 21 работник ќе ја продолжи блокадата на институции – овој пат ќе го оневозможт пристапот до Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата.  

ССМ утре со блокада пред Стопанска комора, Организација на работодавачи и Бизнис-конфедерација

Од синдикатот велат ќе ги блокираат газдите се додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на 600 евра минимална плата и раст на сите останати за 6 илјади денари. Првиот човек на синдикатот, Слободан Трендафилов повтори дека ако по блокадите, планирани и следната недела, нема слух од надлежните, ќе следува нов протест и генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор...

„Пред стопанската комора ќе блокираме газди кои 36 години ги блокираат рабтониците, одбија минатата година да ги зголемат платите а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од МАкедонија и не можат да ги задржат... “

Трендафилов обвини дека врз него се вршат притисоци и заплашување, вклучително и со негово, но и следење на членови на неговото семејство... Остро реагираше на видео објава на социјалните мрежи од страна на пратеничката од редовите на ВРМО - ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која како што рече Трендалфиов, во обид да му се наштети нему, со објавувавње на неговите малолетни деца, чии лица на видеото се замаглени, била извшрена злоупотреба на деца. Првиот синдикалец ги повика институциите да реагираат и да го разрешат случајот, за кој рече дека е веќе поднесена привјава. Дополнително побара и одговори за тоа кој го следел и ги снимал неговите деца......

„Министерството за внтарешни работи, министерот, обвинителството треба вендаш да превземат мерки против пратеничката Дафина Стојаноска, која ми ги објави малолетните деца за да можат сите да ги оцрнуваат и уценуваат...За тоа ќе бидат известени сите амбасади, ќе биде извесетна делегацијата на ЕУ, ќе бидат извесетени братските сидникати, организацијата на трудот.... Го повикувам претседателот на Собранието да поведе постпка за одземање на имунитетот на пратеничката затоа што ќе крие зад него во следните денови... “

Пратеничката Стојаноска, пак, го повика Трендафлиов како дипломиран правник со минимален или никаков стаж (освен во ССМ), нека ги прочита Уставот и Деловникот на Собранието, па потоа нека се „раздава“ со одземање на мојот имунитет. Ако не разбере ништо од напишаното, можеби треба да се обрати до пратениците од политичката група на СДСМ?! “

Стојаноска поддршка доби и од пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ од каде најостро ги демантираат и како што велат, отфрлаат обидите за дефокусирање на вистината. Оттаму го повикаа обвинителството да го истражи случајот со користење на службеното возило на ССМ од страна на Трендафилов и побараа од него да си поднесе оставка....

Од МВР за Канал 5 потврдија дека случајот е пријавен кај нив и како што рекоа се превземаат соодветни мерки за негово расчитување....

„На 10.02.2026 во 17.30 часот во СВР Велес, С.Т. (41) од Велес, пријавил дека, Д.С. на својот фејсбук профил објавила видео, кое било снимано од непознато лице, во кое се снимени и неговите две малолетни деца. Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1.

Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста.

Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале.

- Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите.

Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1.

Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата.

Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Според два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Значителен пад

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии.

Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно.

До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите.

Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга.

Постојани напади

Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена.

Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер