ССМ повика на потпишување на колективниот договор - Канал 5

ССМ повика на потпишување на колективниот договор

ССМ го повика премиерот Христијан Мицкоски на средба во Работничкиот дом во понеделник, со цел да се потпише колективниот договор за зголемување на платите од 40%, но и да се договорат растот на минималната и на сите останати плати. 

ССМ повика на потпишување на колективниот договор

Ова следува откако премиерот посочи дека ССМ минатата година ја одбил понудата за зголемување на платите на административците од март 2026 до истиот период во 2028 година за 40%, под услов на изнаоѓање на формумација на еден заеднички колективен договор. Претседателот на синдикатот Трендафилов посочувајки дека на работниците им е потребно зголемување сега, а не за неколку години, од понеделник најавува и блокади на институции, а први на удар како што вели ќе бидат пратениците.

-Во понеделник во 9 часот да дојде во ССМ, да се потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на сите вработени за 40% како што пишува во соопштението и исто така наместо во 2028 година да ја зголемиме минималната плата, да ја зголемиме во февруари 2026 година. Го чекаме. Веројатноста е наредната недела да дојдат со автобус и пешки како што доаѓаат најголем дел од работниците, како што доаѓаат работниците без право на патни трошоци на пратениците,- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Премиерот иако не прецизираше дали ќе замине во Работничкиот дом, вели дека останува на ставот дека е потребен нов колективен договор за тие вработени за кои се уште нема. Во тој контекст Владата побарала од Општиот колективен договор да се издвои делот што се однесува на платите и истиот повторно да се преговара ,но тоа како што посочи не било прифатено од ССМ.

-Доволен период имаме од 3 години да постигнеме договор, а во меѓувреме имаме колективен договор, имаме 95% од вработените кои што се дел од одговорностите на владата која што е работодавач и со тоа Владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028 и со тоа ние сме завршиле.Значи остануваат сега уште овие 7787 ако не се лажам вкупно вработени од вкупната државна администрација. Еве ова не сакаше да го потпише ССМ,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во меѓувреме од ССМ како следен чекор доколку не се изнајде решение, најавуваат и генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор. Според Трендафилов синдикатот и законот во овој случај ги штити работниците, а ќе бидат определени само нужни работи како здравствени и безбедносни услуги кои ќе се извршуваат во текот на 24 часовниот штрајк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер