ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка - Канал 5

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно најавува барање за ригорозни казни за сите нефер трговци и трговски практики.

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка

На 20 декември, пет дена од стапувањето во сила на новогодишната кошничка, ќе знаеме дали трговците реално ги намалиле цените на производите, а на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични и колку ќе ги поскапат производите по завршувањето на мерката, изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој очекува дека трговците ќе им излезат во пресрет на граѓаните, а ако тоа не го сторат, ССМ на почетокот на идната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци.

-Како ССМ можеме да гарантираме дека врз основа на синдикалната минимална кошничка уште на 20 декември ќе знаеме дали цените се намалени и дали работодавачите, трговците, добавувачите и производителите ќе имаат општествена одговорност и ќе им излезат во пресрет на граѓаните. Тоа ќе го знаеме само пет дена по стапувањето во сила на новогодишната кочничка. Можеме да гарантираме и дека на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични трговците и колку ќе ги зголемат цените на производите по завршувањето на оваа акција. Од претходниот пат знаеме дека синдикалната минимална кошничка беше главниот коректор на цените, рече Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Според него, трговците во септември ги намалија платите во трговијата за пет отсто кога разбраа дека ќе има мерка за ограничување на маржите.

-Синдикалната минимална кошничка тогаш се зголеми за повеќе од 720 денари, со мерките се намали за околу 960 денари за потоа повторно да има зголемување од 620 денари. Зборуваме за нелојалност од страна на трговците кон државата, граѓаните, работниците и пензионерите, за луѓе кои веројатно само сакаат да ја искористат можноста да се збогатат на нашиот грб. Очекуваме дека денеска, со оглед дека им се овозможи сами да ги креираат цените, ќе останат достојни барем на тоа што сами го кажуваат. Ако не го сторат тоа, ССМ на почетокот на наредната година ќе бара ригорозни казни за сите вакви нефер трговски практики и нефер трговци, напомена Трендафилов.

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи и со неа се очекува намалување на цените за 10 и повеќе проценти.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Во повеќе градови низ Соединетите Американски Држави се подготвуваат демонстрации против претседателот Доналд Трамп, додека тој утре ќе присуствува на парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од формирањето на американската војска.

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Најголемиот собир и протестна поворка се најавени во Филаделфија, Пенсилванија, додека во Вашингтон, каде што ќе биде Трамп, не е планиран таков настан.

Протестите добиваат дополнителна поддршка поради незадоволството од рациите на федералните имиграциски власти, кои започнаа минатата недела, како и од наредбата на Трамп за испраќање војска и маринци во Лос Анџелес, Калифорнија, каде демонстрантите блокираа автопат, палеа автомобили, а полицијата користеше солзавец, гумени куршуми и светлосни гранати.

Гувернерите и градските власти ветија дека ќе го заштитат правото на протест, но нема да толерираат насилство. Републиканските гувернери на Вирџинија, Тексас, Небраска и Мисури мобилизираа војска за поддршка на полицијата во справувањето со протестите.

Организаторите на протестите во Флорида планираат марш до одморалиштето на Трамп „Мар-а-Лаго“, но републиканскиот гувернер Рон ДеСантис ги предупреди демонстрантите да не ја преминуваат „јасната граница“.

Главниот обвинител на Филаделфија, Лери Краснер, изјави дека секој што ќе го прекрши законот во градот, вклучително и имиграциските агенти што ги надминуваат овластувањата, ќе биде уапсен. Тој го посочи Мартин Лутер Кинг Помладиот како пример за демонстрантите, велејќи: „Ако постапувате како што би постапил Мартин Лутер Кинг Помладиот, ќе бидете во ред“.

Протестите, наречени „Без кралеви“, се организирани од движењето „50501“ за поддршка на демократијата и спротивставување на, како што велат, авторитарните постапки на администрацијата на Трамп. Демонстрантите на претходните протести бараа Трамп да биде „симнат од тронот“, споредувајќи ги неговите постапки со оние на крал, а не на демократски избран претседател.

Организаторите планираат мирни протести на речиси 2.000 локации низ САД, очекувајќи дека овие акции ќе бидат најголемиот еднодневен повик за граѓанска непослушност откако Трамп се врати на власт.

Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.

Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.

Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34:24.

Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31:30. Магдебург ја доби фаворизираната Барселона со гол во последната секунда од мечот.

Финалето ќе се игра утре со почеток во 18 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место.

„Марш на ангелите“ во Кочани: Нашата болка е тешка, но бараме одговорност и вистина за никогаш

Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка.

„Марш на ангелите“ во Кочани: Нашата болка е тешка, но бараме одговорност и вистина за никогаш

Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка, порачаа родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот деветти „Марш на ангелите“ во Кочани.

Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 18 часот и 5 минути, симболизирајќи го задоцнетото институционално дејствување, а оттаму се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани и Полициската станица. Пред Основниот суд и Јавното обвинителство упатија јавен повик за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка.

-Сметаме дека од суштинско значење е Основното јавно обвинителство во Кочани целосно да нѐ запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност, за да можеме да ги отстраниме сите дилеми коишто се јавуваат кај нас во врска со спроведената постапка. Неприфатливо е како најдиректно засегнати да добиеме информации преку медиуми или од неофицијални канали, па очекуваме транспарентност и директна комуникација со надлежните институции. Нашата болка е тешка, но нашата борба е праведна и бараме одговорност и вистина, не само заради нас, туку и заради иднината и никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија, истакна Марија Петрушова, мајка чиј син загина во „Пулс“.

Писменото барање до Обвинителството за објаснувања околу обвинителниот акт родителите ќе го поднесат в понеделник, а побараа поддршка и од Коалицијата за правично судење и од „Транспаренси Македонија“.

-Јавно ги повикувам да се вклучат во борбата за правда на мојот убиен и пеплосен ангел Моника Спасова, да бидат мониторинг, да надгледуваат и следат сѐ што се случува во обвинителните акти и пишувањето на пресудите. Барам помош и од Европската унија да се вклучи како дел од мониторингот во постапката, порача Верица Трифунова, мајка чија ќерка е меѓу настраданите во трагедијата во Кочани.

Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа. Додадоа дека се загрижени што и покрај нивните укажувања и конкретни наводи, одредени лица воопшто не биле повикани ниту на распит.

притисни ентер