ССМ ја поднесе иницијативата за намалување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица - Канал 5

ССМ ја поднесе иницијативата за намалување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до Собранието и до сите пратенички групи денеска во 11 часот ја поднесе иницијативата за изменување и дополнување на Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието.

ССМ ја поднесе иницијативата за намалување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до Собранието и до сите пратенички групи денеска во 11 часот ја поднесе иницијативата за изменување и дополнување на Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката за, како што велат, нивно постапување веднаш и без одлагање.

Вр основа на одлуката на претседателството на ССМ, донесена на 3.2.2026 година, а врз основа на член 71 од Уставот на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија до овластените предлагачи ја поднесува следната:

И Н И Ц И Ј А Т И В А

за изменување и дополнување на

Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република

Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката

Член 1

Член 11 од во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се менува и гласи:

„Основица за пресметување на платата на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката е минималната плата во Републиката, според податоците на Државниот завод за статистика.“

Член 2

Коефициентите за утврдување на надоместокот на плата и на плата утврдени во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се намалуваат за 40%

О б р а з л о ж е н и е

Во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката во член 11 е предвидено дека Основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика.

Врз основа на Уставното право, оваа законска иницијатива Сојузот на синдикатите на Македонија ја темели на принципите на еднаквост, недискриминација и правна сигурност за сите граѓани содржани во Уставот како највисок акт во државата, како и во меѓународните трудови стандарди, Европската социјална повелба, Универзалната декларација за човековите права и други меѓународни документи.

За да бидат граѓаните на Македонија еднакви пред националните закони, како и за да бидат еднакви според и пред меѓународните акти и принципи, потребно е појдовната основа за градење на платите на сите работници и граѓани во нашата држава да биде еднаква. Во конкретниот случај треба да се поаѓа од висината на минималната плата како основица за пресметување на сите плати, затоа што анализите на Владата и анализите на Работодавачите, за разлика од анализите на ССМ, покажале дека вредноста на минималната плата е доволна за да ги задоволи елементарните потребите на граѓаните, па оттука и имајќи го предвид горенаведеното ССМ се залага и инсистира на еднаков третман на сите плати во државата и смета дека е потребно да се измени горенаведениот член 11 и основицата за пресметка предвиден во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката

ССМ заедно со Владата на државата во 2023-та година потпишаа и предвидоа во Општ колективен договор за јавен сектор во кој се поаѓаше од просечната плата како основица за градење на платите на вработените во јавниот сектор, поаѓајќи токму од законското решение за платите на функционерите, избраните и именуваните лица, но Владата како потписник на истиот и спротивно на Закон и без оправдани причини не го почитува Општиот колективен договор за јавниот сектор и не ги уреди платите на вработените на овој начин, а дополнително бара и укинување на ваквото право на работниците.

Затоа ССМ предлага истиот принцип да се примени и за платите на функционерите, за платите на избраните и именуваните лица, односно преку оваа Иницијатива, ССМ предлага основица за пресметка на нивните плати да биде минималната плата, односно да се измени членот 11 од Законот и да гласи како во диспозитивот на оваа Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

ССМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер