МакедонијаССМ доби репрезентативност, утре на ЕСС ќе бара зголемување на минималната платаПратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и мнималецот да се зголеми на 500 евра, ќе биде главното барање на Сојузот на синдикати на утрешниот прв состанок на новиот состав Еконосмко социјалниот совет.Првиот синдикалец Слободан Трендафилов, вели Македонија има најниска минимална плата во регионот и пошироко, а животот станува се поскап, па наместо само за кошничката и растот на цените на прехрамбените прозиводи мора да се разговара и за раст на платите. Според него не држат повеќе изговорите на Владата дека работниците и работодавачите треба да седнат и да се договорат за зголемување на минималецот, со оглед на тоа што, како што рече, синдикалната кошничка за неколку месеци е зголемена за 150 евра. „Toa што мислам дека треба да ги загрижи сите што креираат политики во МАкедонија е дека нема да го спречат иселувањето на македонските работници ако продолжа вакви лоши политики наместо да креираме политки и да чекаме како тие ќе се имплементираат на долг рок ние треба да зачуваме малку од достоинството на работниците и да зачуваме малку од квалфикуваните работници иако 500 евра минимална плата е веќе малку со оглед дека синдикалната кошничка е 65 000 денари .... “- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ. Според последните податоци на ДЗС, просечената нето плата во мај изнесувала 45 796 денари, а највисока месечна плата била исплатена во ит секотрот и финансии. Ова за премиерот Христијан Мицкоски е доказ дека владата континуирано работи на зголемување на просечната плата, иако, како што рече, тоа не е доволно.... „Прво што сакам да кажам е дека и тоа не е доволно. Дека треба да биде уште поголема просечната плата, и во таа насока продолжуваме, како Влада, да работиме. Но и самиот факт и бруто и нето, од просечната плата растат повеќе од 11% е демант за сите оние, би рекол, некрофили во рамките на опозицијата, кои што изминатиов период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста, дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. “-- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Првиот состанок на економско социјалниот совет, откако комисијата утврди репрезентативност на ССМ и КСС, е закажан за утре на пладне, но официјално дневен ред се уште нема. На последлната седница на ова тело пред неколку месеци, синдикатите исто така го актуелизираа прашањето за зголмеување на минималната плата, но ставот на Владата беше дека тоа ќе се случи само ако претходно за тоа се договорат со работодавачите, а во меѓувреме во март таа беше усогласена согласно законот и сега изнесува 24.400 денари. Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСе рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоциАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без домАмериканската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“. Инфраструктура за центри за податоци Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства. „Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“ Судбината на жителите е неизвесна Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот. Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter