МакедонијаССМ денеска на првомајски протест за повисоки платиДенеска сојузот на синдикати го одбележува Меѓународниот ден на трудот 1 мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.Протестот започнува од пред седиштето на Сојузо на синдикатите на Македонија каде се наоѓа и нашиот репортер Маја Стојановска, Маја повели што бараат синдикалците? Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов побара од насобраните да свртат грб кон Собранието за, како што рече, да почувствуваат како е кога работникот го врти грбот. -Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достоинствена работа, од другата страна на барикадите се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е трудот наш. Ве молам, макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работник ќе ви заврти грб. Им ветивме дека ќе дојдеме повеќе, ќе дојдеме и многу повеќе, доколку не донесат измени на Законот за минимална плата и не ги зголемат сите останати плати, доколку не – ние на минималец, тие на минималец.-Жално е да уживаат привилегии, 79 проценти зголемени плати, проценти за превоз повисоки од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, а да одбиваат да донесат измени и дополнувања на Законот за минимална плата, нејзино зголемување на 500 евра, за 100 евра зголемување на платите на сите останати работници, да имаат право и работниците, како и пратениците, на трошоци за превоз и на трошоци за храна. Бараме најбрзо што може да покажат дека се за работниците и дека се со работниците, рече Трендафилов. Протестниот марш почна пред Работничкиот дом, а по Собранието учесниците се упатија кон Стопанската комора каде што им беше порачано на работодавците „да не се кријат“ затоа што работниците „им го заработуваат лебот, а за нив не останува ништо“ и дека и натаму синдикатот ќе биде „на браникот на работничките права“. Првомајскиот протест со кој ССМ бара минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права завршува пред Владата. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter