ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати - Канал 5

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

 Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите кои не ги зголемија платите на работниците.

Според ССМ, има многу аргументи за зголемување на платите тргнувајќи од инфлацијата се до растот на вредноста на синдикалната минимална кошничка во јануари за илјада денари.

- 28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што истите не стигнуваат од 1-ви до 1-ви. Ве повикувам сите - и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни се придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи, рече Трендафилов, рече вчера Трендафилов.

Според него, повеќе нема изговори бидејќи 200 илјади луѓе се сиромашни и живеат со плата под 30.000 денари.

[– Lidhja e Sindikatave të Maqedonisë sot ju bëri thirrje të gjithë atyre të cilët nuk janë të kënaqur me pagën të marrin pjesë në protestën e nesërme të organizuar kundër mosrritjes së pagës]

На протестот ќе се приклучи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во соопштение испратено до медиумите, ССНМ ги повика своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјата.

- Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС, објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјата, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и други, кои од работодавачите се држат на минималната плата. Со оглед на тоа дека повеќето од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата, наведуваат од ССНМ.

Влада: Зголемување на минималната плата во март согласно закон

Од Владата со став дека секој има право да протестира, но дека зголемувањето на минимналната плата ќе биде согласно законот во март.

- Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Гази Баба.

[Kryeministri Hristijan Mickoski pjesëmarrjen në Forumin në Davos e vlerësoi si të suksesshëm duke njoftuar se së shpejti do të ketë rezultate në drejtim të realizimit të projekteve dhe invest]

Мицкоски синоќа во гостување на ТВ21 говорејќи за барањата на синдикатите за повисоки плати кажа дека по истиот принцип како што од самиот почеток на оваа Влада се потпишаа колективни договори со синдикатот во образованието и во здравството, се зголемија платите во МВР, Одбрана и се интервенираше во примањата на вработените во центрите за социјални работи, се воделе преговори и за зголемување на платите на административните службеници за 8 посто годишно, или реален раст за 40 посто за 4 години, но истите преговори со репрезентативните синдикати пропаднале бидејќи, како што рече, некој бил политички заробен.

- Кога сето ова ќе се изанализира, повеќе од 90-тина проценти од вработените на коишто условно кажано им е работодавач Владата има колективен договор со Владата во период од четири години заклучно се 2028 година. Зошто 2028? Затоа што ние не сакавме да преземаме обврски за денот по нас. Ние сакавме кога ќе заврши мандатот на оваа Влада, до тука. Доколку ние бидеме следна Влада и потоа, тогаш ќе правиме нов колективен договор. И ни остана уште колективниот договор со административните службеници. Тоа се отприлика 7.700-7.800 вработени на коишто условно кажано Владата им е работодавач и тие се дел од тие административни службеници. Ние понудивме договор. Доаѓаа двата репрезентативни синдикати односно гранките на тие два репрезентативни синдиката доаѓаа и се договаравме. Нашиот последен предлог којшто го ставивме на маса кој беше? Платите на административните службеници, покрај тоа што законски мора да се зголемуваат согласно и пропорционално на зголемувањето на минималната плата, да се зголемуваат секоја година плус 8 проценти. Што значи тоа? Тоа значи да речеме, ако е 100 парички просечната плата на административните службеници, таа се зголемува за минималната плата износот, еве да речеме 2 илјади денари или 20 парички. Тогаш ќе биде 120 парички и ова се зголемува за 8 посто и така во 26-та, а истиот принцип и во 27-ма, истиот принцип во 28-ма или тоа би значело за 40% зголемени плати, рече Мицкоски.

Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесувал на делот кај што ги регулира платите во општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за социјална политика и труд кој е нејасно напишан и може да се толкува различно.

Нагласи дека „ова треба да го слушнат сите административни службеници, дека ние како Влада ова го нудиме и е на маса“.

Бизнис-конфедерација: Нашата економија, особено приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата

За Бизнис конфедерацијата е прифатливо зголемувањето на минималната плата во март, а секое друго зголемување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би било товар за стопанството. Сметаат дека нашата економија, особено приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата.

[Опасна претпоставка e дека поради енергетската криза ќе се отпуштат од 30 до 50 отсто од вработените во компании или 350.000 работници, оцени денеска Миле Бошков од Конфедерација на работодав]

- Разговаравме неколкупати и со претставници на Владата, но исто така и со нашите колеги и од Сојузот на синдикатите на Македонија и од другите синдикати дека би се задржале на ставот дека усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот што треба да се разбере и да се прифати, но исто така и за да можеме да покачиме повеќе, како што бараат синдикатите, во интерес и на работодавачите, и на граѓаните, и на работниците е покачувањето од 6.000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок, и тоа во сите сектори. Дополнителните барања и дополнителните 100 евра што ги сметаме како линеарно покачување навистина сериозно со овие услови, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би биле голем товар за стопанството, не само за микро, малите и самостојните вршители на дејност туку и за сите компании, бидејќи станува збор за голем товар, кој не е само 6.000 денари, односно со социјалните придонесот е оптоварен со уште 4.500 денари, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.

Ваквите тврдења од бизнис секторот, според ССМ, не држат. Оттаму велат дека официјалните податоци за профитите на бизнисмените, ги демантираат.

ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата поради растот на животните трошоци. Од Владата оставија за ова да се договорат синдикатите и работодавачите, но до решение не дојде ниту на последниот состанок на Економско-социјалниот совет одржан во декември.

Доколку не наиде на слух од другата страна, од ССМ најавуваат блокади на таргетирани институции, организирање генерален штрајк и собирање на 10.000 потписи за законски измени со кои ќе бараат намалување на функционерските плати и зголемување на минималната плата и сите останати плати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? 

Монета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)

Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство.

Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра.

Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео.

Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума.

Што е прикажано во видеото?

Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово.

На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија.

Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J.

Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив.

Дали навистина вреди 80.000 евра?

Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето.

Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство.

Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи.

На што треба да обрнете внимание?

Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата.

Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции.

Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата.

Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. 

Трамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)

За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели.

„Сакаме целосна победа“

Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп.

„Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател.

Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје.

Го најави претстојниот крај на војната

За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп.

Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен.

А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор.

Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила

И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи.

Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит.

Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, вклучувајќи 470 во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска, денес добија идентични е-пораки со закани за бомба.

Над 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба

Полицијата на Шкотска соопшти дека нејзината единица за сајбер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на пораките, додека полицајците продолжуваат да соработуваат со партнерите за спроведување на законот низ Велика Британија и на меѓународно ниво, објави Индепендент Радио Њуз.

Полицијата на Шкотска соопшти дека пораките се оценуваат и се третираат како лажни.

Образовниот орган на Северна Ирска соопшти дека пораката испратена до училиштата на нејзина територија има сличности со лажната закана од минатиот месец.

Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-пошта со закана за бомба, која исто така содржеше закана до италијанскиот премиер Џорџо Мелони, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара.

Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса.

Новата порака испратена до училиштата се заканува со зборовите: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“.

„Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашиот премиер“, се наведува и во е-поштата.

Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта.

Во Европа, целите на хибридни напади неодамна беа супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици.

Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ Европа беа потпишани и со името Михаил Андропов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер